ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Народен театар - Битола

Народен театар - Битола

Борче Грозданов: За насушната потреба - животот
Иван Додовски: Пожар и нежност
Лилјана Мазова: На работ на спознајната (не)извесност
Цветанка Зојчевска: Поетика и манипулација
Цветанка Зојчевска: Изгубена комуникација
Цветанка Зојчевска: Во Битолски театар се бранеше честа
Илија Упалевски: Без режисерски концепт и актерско остварување
Илија Упалевски: Интертекстуалноста - стапица за актерската екипа
Цветанка Зојчевска: Аста ла виста Слободо
Илија Упалевски: Естетскиот крик како жртва на детаљот
Борче Грозданов: Тимон ги разбуди сетилата
Борче Грозданов: Се видовме во шекспировото огледало
Емилија Матаничкова: Нови барања и потреби на театарот
Цветанка Зојчевска: Одамна е се прочитано, ништо не е сменето
Ердоан Максут: Претстава од соништата со три принципи
Илија Упалевски: Пот и „недоразбирања“
Илија Упалевски: За моќта и за нејзините жртви
Анета Јанчевска: Оригинален перформанс на живи тела и енергии
Илија Упалевски: Просечна комедија и изморен хумор
Лилјана Мазова: Знаци на заедништво меѓу актерите и публиката
Наташа Бунтеска: „Женидба“ - претстава што ветува
Тодор Кузманов: Подзаборавениот Островски
Анета Јанчевска: Ние во огледалото на Гогољ
Панде Манојлов: „Женидба“ на ниво
Тодор Кузманов: Модерна постановка
Наташа Бунтеска: Експеримент кој ја нагласува севременоста на темата Хамлет
Борче Грозданов: Хамлет е и ова - ДА!
Анета Јанчевска: Театар кој се доживува
Тодор Кузманов: Хамлет за почетници
Борче Грозданов: Една поинаква слика на потрагата по коренот
Цветанка Зојчевска: Чудото на Цветановски
Борче Грозданов: Шекспир и Јонеско како опомена
Цветанка Зојчевска: Моќта како гротеска
Лилјана Мазова: Јазол во кој е жртвувана актерската енергија
Лилјана Мазова: Принципот еднаков - претставите различни
Цветанка Зојчевска: Сакајте си ја вагината
Борче Грозданов: Свирачот... не крена на нозе
Лилјана Мазова: Емотивна приказна со збор, музика и игра
Борче Грозданов: Катастрофален филм
Цветанка Зојчевска: Навредливо лошо
Александра Бошковска: Разидување меѓу текстот и режисерскиот концепт
Лилјана Мазова: Црна пасија за црната чума
Лилјана Мазова: Низ лавиринтот на животот
Лилјана Мазова: Зошто свињите не летаат?
Александра Бошковска: Сосема обична претстава
Александра Бошковска: Композиција со добри актерски остварувања
Лилјана Мазова: „Медеја“ во народниот театар во Битола: Крик против рамнодушноста
Лилјана Мазова: Моќна приказна за борбата против злото

______________________________________________________

Панде Манојлов: „Женидба“ на ниво

(Кон „Женидба“ ОД Н.В. Гогољ во режија на Лили Абаџиева на сцената на  Народниот театар - Битола)

Творештвото на големиот руски писател Николај Васиљевич Гогољ со својата уметничка и литературна вредност како и со пораките што ги носи, останува актуелно и до денешни дни како најубав образец за уметничко совршенство. Неговите драми се уште ги пленат луѓето од театрите со  специфична драматургија, со особениот и специфичен драмски јазик, со префинетоста на изразот. Но, според Белински: „Гогољ полесно ќе го засакаш отколку да го сфатиш“.
Една мала споредба меѓу два руски драмски класици.
Чехов ги сакал жените, го сакал бракот. Тој, во едно свое писмо ќе напише: „...Како си ја сакам жената! Каде ли е таа?“ . Ги сакал жените, но за нив и бракот со сарказам ќе рече: „Ако се плашите од осамата, не женете се“.
За разлика од Чехов, Гогољ никогаш во својот живот не се оженил. Бил самотник и на бракот гледал сосема поинаку: сакам - не сакам. Токму и во неговата пиеса „Женидба“ како да сакал да го потенцира токму тоа „сакам - не сакам“, па ајде, откако ќе одминат годините, кога ќе наваса стравот од женидба, се бара стројничка која, за стариот ерген кој се излежува в кревет треба да најде жена која ќе биде не таква, туку ваква, скроена по некоја чудна мерка на уште почудно „идеално“. И така, барајќи се невеста по пат на стројниклак, настапува карикатуралното, комични ситуации во кои за една мома се јавуваат четворица кандидати... Тогаш е присутна и огромната жед за љубов, но и стравот кој го потиска сиот сензибилитет, за на крај да победи егоизмот на стариот ерген Иван Кузмич Поткалјосин (Рубенс Муратовски) да остане неоженет, а Агафија Тихоновна (Викторија Степановска) да остане немажена.
Од еден обичен случај, од една обична човечка драма, Н.В. Гогољ создал мало ремек дело од жанрот на комедијата. „Женидба“ е претстава од животот. Така делото и го сфатила режисерката Лилија Абаџиева (гостинка од Бугарија). Режирајќи ја оваа претстава, уште на почетокот како да си го поставила прашањето „Што е режијата?“. За потоа, гледачот, гледајќи ја премиерната изведба на оваа претстава да го даде одговорот: Мода и нужно зло! Какво е режисерското видување - таква и ќе биде! А, „Женидба“ премиерно изведена на сцената на Народниот театар - Битола на 27 јануари 2006 година навистина ја бидна: ем класичен текст, ем современо режисерско видување! Силен впечаток остави сестраната режисерска организација со сите елементи кои чинат една добра претстава, хармонична целина, а со тој режисерски потег на специфичен начин да се откријат раскошните богатства на бујните таленти на десеттемина актери кои играа во оваа претстава.
Режисерската поетика која заслужува секаков респект, со она што го покажаа и актерите, заеднички и колективно, мошне успешно ја одгатнаа Гогољевата „Женидба“. Па и во моментот, во последната сцена, кога режисерката Абаџиева се качи на сцена и со својата актерска изведба (две-три минути) го дополни тој колективен дух.  
Актерската екипа, составена претежно од млади актери: В. Степановска, Г. Петрушевска, К. Николова, Р. Муратовски, И Јерчиќ, О. Дранговски. Колоски, М. Мирчевски, И. Чоревска и Н. Пројчевски покажаа солидни актерски вештини (и емоционални и физички). Посебно, со своите уметнички креации би ги издвоил: Викторија Степановска (психологија на ликот), Мартин Мирчевски (со своите валери на специфична нагласка на комиката), Рубенс Муратовски (потполна уметничка објективизација на ликот) како и Огнен Дранговски (во градењето на комично-трагичната композиција на ликот).
Сценографијата на Васил Абаџиев (Бугарија), костимографијата на Благој Мицевски и музичкото оформување на режисерката Лилија Абаџиева, современи секако, со мали исклучоци, ја надополнија оваа претстава давајќи и белег и на времето во кое живееме со јасна порака: женидбата секогаш е женидба па макар била и во стилот „сакам - не сакам“.

Вечер, 02.02.2006