ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Народен театар - Битола

Народен театар - Битола

Борче Грозданов: За насушната потреба - животот
Иван Додовски: Пожар и нежност
Лилјана Мазова: На работ на спознајната (не)извесност
Цветанка Зојчевска: Поетика и манипулација
Цветанка Зојчевска: Изгубена комуникација
Цветанка Зојчевска: Во Битолски театар се бранеше честа
Илија Упалевски: Без режисерски концепт и актерско остварување
Илија Упалевски: Интертекстуалноста - стапица за актерската екипа
Цветанка Зојчевска: Аста ла виста Слободо
Илија Упалевски: Естетскиот крик како жртва на детаљот
Борче Грозданов: Тимон ги разбуди сетилата
Борче Грозданов: Се видовме во шекспировото огледало
Емилија Матаничкова: Нови барања и потреби на театарот
Цветанка Зојчевска: Одамна е се прочитано, ништо не е сменето
Ердоан Максут: Претстава од соништата со три принципи
Илија Упалевски: Пот и „недоразбирања“
Илија Упалевски: За моќта и за нејзините жртви
Анета Јанчевска: Оригинален перформанс на живи тела и енергии
Илија Упалевски: Просечна комедија и изморен хумор
Лилјана Мазова: Знаци на заедништво меѓу актерите и публиката
Наташа Бунтеска: „Женидба“ - претстава што ветува
Тодор Кузманов: Подзаборавениот Островски
Анета Јанчевска: Ние во огледалото на Гогољ
Панде Манојлов: „Женидба“ на ниво
Тодор Кузманов: Модерна постановка
Наташа Бунтеска: Експеримент кој ја нагласува севременоста на темата Хамлет
Борче Грозданов: Хамлет е и ова - ДА!
Анета Јанчевска: Театар кој се доживува
Тодор Кузманов: Хамлет за почетници
Борче Грозданов: Една поинаква слика на потрагата по коренот
Цветанка Зојчевска: Чудото на Цветановски
Борче Грозданов: Шекспир и Јонеско како опомена
Цветанка Зојчевска: Моќта како гротеска
Лилјана Мазова: Јазол во кој е жртвувана актерската енергија
Лилјана Мазова: Принципот еднаков - претставите различни
Цветанка Зојчевска: Сакајте си ја вагината
Борче Грозданов: Свирачот... не крена на нозе
Лилјана Мазова: Емотивна приказна со збор, музика и игра
Борче Грозданов: Катастрофален филм
Цветанка Зојчевска: Навредливо лошо
Александра Бошковска: Разидување меѓу текстот и режисерскиот концепт
Лилјана Мазова: Црна пасија за црната чума
Лилјана Мазова: Низ лавиринтот на животот
Лилјана Мазова: Зошто свињите не летаат?
Александра Бошковска: Сосема обична претстава
Александра Бошковска: Композиција со добри актерски остварувања
Лилјана Мазова: „Медеја“ во народниот театар во Битола: Крик против рамнодушноста
Лилјана Мазова: Моќна приказна за борбата против злото

______________________________________________________

Анета Јанчевска: Ние во огледалото на Гогољ

Анета Јанчевска
Гостинката од соседна Бугарија, познатиот театарски режисер Лилија Абаџиева повторно провокација пронајде во дело од класичната драматургија. Овој пат за неа неисцрпно поле на истражување беше „Женидба“ од Гогољ, а сцена на која уште еднаш ја докажа својата храброст и склоност кон експериментирање беше Народниот театар од Битола. Изборот на актери кои ќе ја прераскажат невообичаената приказна за една уште поневообичаена женидба падна на младата екипа составена од Викторија Степановска, Габриела Петрушевска, Кристина Христова Николова, Рубенс Муратовски, Иван Јерчиќ, Огнен Дранговски, Методија Колоски, Мартин Мирчевски, Илина Чоревска и Никола Пројчевски.
Сето дејствие на Гогољевата „Женидба“ оди во два паралени правци. Едниот е неодлучноста на Иван Кузмич Поткалјосин (Муратовски) конечно да го напушти ергенството, додека другиот е изборот на младата Агафија Тихоновна (Степановска) која мора да се одлучи за еден од четворицата кандидати: Ивна Павлович Кајгана (Дранговски), Никанор Иванович Анучкин (Колоски), Балтазар Балтазарович Жевакин (Мирчевски) и Поткалјосин. Додека Поткалјосин панично ја одбегнува можноста кончено да попушти пред предизвикот на бракот, неговиот пријател Кочкарјов (Јерчиќ) е упорен во намерата да ги елиминира останатите тројца канидади. Ситуацијата се вжештува, а расплетот е сосема неочекуван.
Релацијата Гогољ-Абаџиева во случајов се развива во многу интересна и невообичаена насока. Тоа се забележува најмногу според начинот на кој Абаџиева ги подвлекла знаковностите на драмскиот текст, но пред се според храброста и иновативноста на препрочитувањето на ова дело. Режисерот буквално ја избришала сета прашина од жанрот класика и внела сосема нови ветришта. Ветришта кои дуваат во сите насоки, но кои многу добро ја знаат сопствената цел. Од тие причини, текстот на Гогољ наликува на превртена ракавица, нов лик, но една и иста суштина. Користејќи неколку различни изразни средства, Абаџиева ги исползува многуте можности на театарската уметност, а со тоа го задржува вниманието на публиката до максимум. Најнапред започнува бавно, смирено и непретенциозно, за потоа сето тоа да добие многу поинаков лик поради што се ставате во позиција да не знаете што следно ве очекува. Но, она што е особено важно е фактот што Абаџиева при таа нејзина разиграност и постојано пренасочување на енергијата, за сето време пред себе имала цврсто изграден став по однос на суштината на драмата на Гогољ. Сета таа нагласена сатиричност, сите маани во говорот на проагонистите, сите нивни тикови, слабости и доблести се оправдани и не талкаат напразно по сцената. Таму ништо не е реалистично, а сепак е вистинито. Вистинито е затоа што таму се зборува за еден многу комплексен момент од човековиот живот. Одлуката да се направи драстична промена во животот и да се стапи во брак. Да се донесе одлуката љубовта да добие некаков нов и официјален лик. Да се открие некој поинаков начин на битисување. Да се вкуси стравот од непознатото.
Освен од овој аспект, „Женидба“ на Абаџиева отскокнува и по беспрекорно направената подела на улогите. Во оваа актерска екипа се функционира прецизно, дисциплинирано, уиграно и неверојатно симпатично. Очигледен е фактот дека секој верувал во она што постепено го градел како лик. Секој од нив толку убедливо се „залепил“ за сопстевниот карактер поради што добивате шаренило од толку невообичаени ликови кои по многу нешта се разликуваат еден од друг, но кај кои сепак постои некоја заедничка нишка која ги поврзува. Тешко е да се издвојат поединци, затоа што сите подеднакво одговориле на зададените задачи. Сепак, судејќи според реакцијата на публиката најголемите симпатии ги придобија актерите Мартин Мирчевски и Иван Јерчиќ, затоа што за нивните ликови беше потребна најмногу енергија. Особено кај Мирчевски кој толку искрено и спонатно ја градеше комичноста на својот карактер, што неговиот последен монолог доживеа вистински климакс, нешто што не остана ненаградено од публиката. Јерчиќ пак, во ова свое актерско остварување се покажа како професионалец кој точно знае кога и како да ги исползува своите актерски способности. Тој во неговиот Кочкарјов пронашол толку многу ситни детали кои прецизно ги вклопил во целината на лик кој е решителен, кој бргу реагира во било какви ситуации, кој е препреден и кој верува во сопствените намери. Се на се, видовме колектив од млади актери кои имаат многу што да покажат.
За чувството да биде комплетно, придонесе и визуелизацијата на Васил Абаџиев кој тргнувајќи од едноставноста на идеите, развил суптилна и функционална сценографија. Момент од претставата кој и додаде уште еден аспект на естетиката понудена од режисерската рака на Абаџиева. Очигледна е усогласеноста помеѓу она што режисерот го имала на ум и она што сценографот го имал како последен збор.
„Женидба“ на Лилија Абаџиева ќе остане запаметена како исклучително оригинално театарско доживување. Затоа што нуди нов аспект на читање класика. Затоа што гради суштински однос кон она што се нарекува постмодернистички театар. И затоа што во неа се егзистира во функција на соединување на материјалното со идеалното. Она во што особено се чита исклучителноста на решението на Абаџиева е одлуката за исконското, за прочистеното човеково чувство - љубовта, да проговори дури на крајот.