ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Народен театар - Битола

Народен театар - Битола

Борче Грозданов: За насушната потреба - животот
Иван Додовски: Пожар и нежност
Лилјана Мазова: На работ на спознајната (не)извесност
Цветанка Зојчевска: Поетика и манипулација
Цветанка Зојчевска: Изгубена комуникација
Цветанка Зојчевска: Во Битолски театар се бранеше честа
Илија Упалевски: Без режисерски концепт и актерско остварување
Илија Упалевски: Интертекстуалноста - стапица за актерската екипа
Цветанка Зојчевска: Аста ла виста Слободо
Илија Упалевски: Естетскиот крик како жртва на детаљот
Борче Грозданов: Тимон ги разбуди сетилата
Борче Грозданов: Се видовме во шекспировото огледало
Емилија Матаничкова: Нови барања и потреби на театарот
Цветанка Зојчевска: Одамна е се прочитано, ништо не е сменето
Ердоан Максут: Претстава од соништата со три принципи
Илија Упалевски: Пот и „недоразбирања“
Илија Упалевски: За моќта и за нејзините жртви
Анета Јанчевска: Оригинален перформанс на живи тела и енергии
Илија Упалевски: Просечна комедија и изморен хумор
Лилјана Мазова: Знаци на заедништво меѓу актерите и публиката
Наташа Бунтеска: „Женидба“ - претстава што ветува
Тодор Кузманов: Подзаборавениот Островски
Анета Јанчевска: Ние во огледалото на Гогољ
Панде Манојлов: „Женидба“ на ниво
Тодор Кузманов: Модерна постановка
Наташа Бунтеска: Експеримент кој ја нагласува севременоста на темата Хамлет
Борче Грозданов: Хамлет е и ова - ДА!
Анета Јанчевска: Театар кој се доживува
Тодор Кузманов: Хамлет за почетници
Борче Грозданов: Една поинаква слика на потрагата по коренот
Цветанка Зојчевска: Чудото на Цветановски
Борче Грозданов: Шекспир и Јонеско како опомена
Цветанка Зојчевска: Моќта како гротеска
Лилјана Мазова: Јазол во кој е жртвувана актерската енергија
Лилјана Мазова: Принципот еднаков - претставите различни
Цветанка Зојчевска: Сакајте си ја вагината
Борче Грозданов: Свирачот... не крена на нозе
Лилјана Мазова: Емотивна приказна со збор, музика и игра
Борче Грозданов: Катастрофален филм
Цветанка Зојчевска: Навредливо лошо
Александра Бошковска: Разидување меѓу текстот и режисерскиот концепт
Лилјана Мазова: Црна пасија за црната чума
Лилјана Мазова: Низ лавиринтот на животот
Лилјана Мазова: Зошто свињите не летаат?
Александра Бошковска: Сосема обична претстава
Александра Бошковска: Композиција со добри актерски остварувања
Лилјана Мазова: „Медеја“ во народниот театар во Битола: Крик против рамнодушноста
Лилјана Мазова: Моќна приказна за борбата против злото

______________________________________________________

Тодор Кузманов: Подзаборавениот Островски

(„Банкрот“ од Островски; режија Александар Славутски; продукција Народен театар Битола)
Тодор Кузманов
По неколку децениска пауза авторот кој се смета за еден од основополжниците на рускиот национален театар од средината на Деветнаесеттиот век, Островски, преку постановката на неговата прва комедија „Банкрот“ на сцената на Битолскиот народен театар, повторно и се враќа на нашата публика. Ова е индикативно од причини што пред половина век речиси немаше професионална театарска сцена во Макеоднија на чиј репертоар немаше дело од Островски. Во по неколку различни верзии и постановки кај нас се играа „Без вина виновни”, „Шума“, „Мома без мираз“, „Доходно место“, „Волци и овци“, „Бура“ и др. Споменатото враќање на Александар Николајевич Островски во нашиот театар се должи на гостинскиот режисер Александар Славутски од Казанскиот академски руски драмски театар и неговиот соработник на дизајнот на претставата (сценографија и костимографија), Александар Патраков.
„Банкрот“ е првата комедија на Островски која зборува за трговскиот сталеж и во која преку  една кондензирана форма се слика руското општество од половината на деветнаесетиот век. Пред нас во оваа постановка ќе продефилираат ликови на малограѓани од секаква провениенција, но главно тоа се луѓе алчни за пари, измамници, пијаници, наводаџики и скоротечни богаташи. Ваквата палета на ликови е она што априорно алудира на нашето транзиционо време во кое споменатите типови без оглед што се пројавуваат замаскирани во други манири сепак го прави спојот и врската меѓу совремноста и минатото при временска дистанца од век и половина. Другиот наслов на комедијата „Свои сме - ќе се погодиме“ јасно става до знаење дека станува за конфликт и заплет кој се одигрува во рамките на семејниот круг. односно и повеќе од тоа. За да може дејствието непречено да тече во семејството ќе придојде зетот, инаку помошник на трговецот Самсон Силич. Заплетот имено се состои во тоа што Самсон Силич ќе одглуми банкрот за да ги изигра доверители, а скришно сиот свој имот, пари и куќа ќе му подари на својот помошник. За да не ризукува, од него тој ќе произведе свој зет за единствената ќерка, кој, како што ќе се покаже потоа незскруполозно ќе го отфрли и ќе дозволи да заврши в затвор.
Гостинскиот режисер Славутски кој веќе и е познат на битолската театарска публика по минатогодишното гостување на Казанскиот руски театар со две претстави во негова постановка, „Пиковата дама“ од Пушкин и „Опера за три гроша“ од Брехт. Слично, како и во тие постановки и овде во инсценацијата на комедијата на Островски тој гради една стилизирана, но сепак раскошна  сценска игра која се одликува со разигран мизансцен и динамични пресврти кои на актерите од своја страна им овозможуваат полнокрвен настап и трансформации. За вкупниот учинок важна е функционалната сценографија во стил на барокот, лесна и подвижна со што се обликуваат различни простори во домот на трговецот. Особено впечатлива е промената во вториот чин која покрај другото е најочита преку промената на името на фирмата која зазема централно место на сцената. Костимите на Патраков се во живо бои, соодветни на историскиот период, но тоа истовремено се и креации низ кои се отсликува социјалниот статус на ликовите. Тоа е и еден од главните индикатори за виодоизменетите околности во вториот чин на претставата, кога трговскиот помошник станува новопечен газда, а неговата жена, покондирена госпоѓа.
Оваа претстава на Битолскиот театар и на режисерот Славутски ни донесува и неколку извонредни актерски остварувања, како на пример, она на Јулијана Мирчевска во ролјата на ќерката на трговецот, Олимпијада. Во првиот дел на претставата Олимпијада на Јулијана Мирчевска е мало разгалено девојче полно со каприци кое мечтае добро да се омажи и да се вивне во круговите на високото општество. Потем, откако тие напори ќе се изјаловат, покрај другото и пореди ујдурмата на нејзиниот татко, таа сосем добро ќе се снајде и во новата ситуација. За неа ќе биде добар и трговскиот помошник без име и грб, значи без аристократските симболи, но затоа со доста пари за да ги задоволи своите нескромни барања. Одеднаш таа станува безобзирна новопечена дама која ги отфрла своите родители без око да и трепне. Актерката Мирчевска во својот настап манифестира сигурност и убедливост во градењето на ликот и тоа е без сомнение една од нејзините најзаокружени ролји досега. Како особено интересна ја наведуваме и креацијата на Јулијана Стефанова во ролјата на наводаџиката Устинја Наумовна. Таа е гороподна и директна во своите односи со останатите протагонисти со актерска еруптивност како главна одлика на нејзиниот творечки хабитус. Овде, како и во други свои ролји Стефанова покажува дека е актерка која со леснотија го постигнува ефектот на присутност на сцената. Занимлив лик понудува и Петар Горко како судскиот чиновник Сисој Псоич склон на чашката, но и на разни дубари како извршител на нечесните замисли на трговецот Силич. Иван Јерчиќ оформува лик на трговски помошник кој е инфериорен заради својот социјален статус, положба и потекло, но кој гаи нескриени амбиции да се одлепи од дното и да го заземе местото на своите претпоставени. Тоа и ќе го стори, по што го гледаме како се кочопери во новата улога, како и сите скоротечни богаташи. Симпатична актерска епизода остварува и Соња Ошавкова како прислушничка во домот на Силич. Фоминишна. Во улогата на трговецот Силич и неговата жена Аграфена Кондратјевна настапуваат искусните Митко Апостоловски и Јоана Поповска. Без поголеми напрегања тие ги скицираат ликовите на преставници на средниот сталеж подложни на еуфоријата за се поголемо богатење и по цена на угледот и честа што најпосле ќе им се освети токму преку истите такви манири на нивната воспитаничка, ќерката Олимпијада и нивниот помошник, Елизарич. Заслужува да се одбележи и симпатичното деби на Никола Пројчевски во ролјата на чиракот Тишка, кој креира итро дете кое брзо и лесно учи и се подготвува за влез во светот на возрасните, кој овде е свет на измами и лаги, свет во кој има сомнителен морал и вредности.
„Банкрот“ на Битолскиот театар е репертоарска претстава која ја докажува валидноста на творештвото на Островски и неговото неоправдано отсуство од нашите сцени кое и тоа како прозвучува актуелно и свежо преку оваа изведба.

Радио Скопје, 2005