ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Народен театар - Битола

Народен театар - Битола

Борче Грозданов: За насушната потреба - животот
Иван Додовски: Пожар и нежност
Лилјана Мазова: На работ на спознајната (не)извесност
Цветанка Зојчевска: Поетика и манипулација
Цветанка Зојчевска: Изгубена комуникација
Цветанка Зојчевска: Во Битолски театар се бранеше честа
Илија Упалевски: Без режисерски концепт и актерско остварување
Илија Упалевски: Интертекстуалноста - стапица за актерската екипа
Цветанка Зојчевска: Аста ла виста Слободо
Илија Упалевски: Естетскиот крик како жртва на детаљот
Борче Грозданов: Тимон ги разбуди сетилата
Борче Грозданов: Се видовме во шекспировото огледало
Емилија Матаничкова: Нови барања и потреби на театарот
Цветанка Зојчевска: Одамна е се прочитано, ништо не е сменето
Ердоан Максут: Претстава од соништата со три принципи
Илија Упалевски: Пот и „недоразбирања“
Илија Упалевски: За моќта и за нејзините жртви
Анета Јанчевска: Оригинален перформанс на живи тела и енергии
Илија Упалевски: Просечна комедија и изморен хумор
Лилјана Мазова: Знаци на заедништво меѓу актерите и публиката
Наташа Бунтеска: „Женидба“ - претстава што ветува
Тодор Кузманов: Подзаборавениот Островски
Анета Јанчевска: Ние во огледалото на Гогољ
Панде Манојлов: „Женидба“ на ниво
Тодор Кузманов: Модерна постановка
Наташа Бунтеска: Експеримент кој ја нагласува севременоста на темата Хамлет
Борче Грозданов: Хамлет е и ова - ДА!
Анета Јанчевска: Театар кој се доживува
Тодор Кузманов: Хамлет за почетници
Борче Грозданов: Една поинаква слика на потрагата по коренот
Цветанка Зојчевска: Чудото на Цветановски
Борче Грозданов: Шекспир и Јонеско како опомена
Цветанка Зојчевска: Моќта како гротеска
Лилјана Мазова: Јазол во кој е жртвувана актерската енергија
Лилјана Мазова: Принципот еднаков - претставите различни
Цветанка Зојчевска: Сакајте си ја вагината
Борче Грозданов: Свирачот... не крена на нозе
Лилјана Мазова: Емотивна приказна со збор, музика и игра
Борче Грозданов: Катастрофален филм
Цветанка Зојчевска: Навредливо лошо
Александра Бошковска: Разидување меѓу текстот и режисерскиот концепт
Лилјана Мазова: Црна пасија за црната чума
Лилјана Мазова: Низ лавиринтот на животот
Лилјана Мазова: Зошто свињите не летаат?
Александра Бошковска: Сосема обична претстава
Александра Бошковска: Композиција со добри актерски остварувања
Лилјана Мазова: „Медеја“ во народниот театар во Битола: Крик против рамнодушноста
Лилјана Мазова: Моќна приказна за борбата против злото

______________________________________________________

Лилјана Мазова: Знаци на заедништво меѓу актерите и публиката

(„Тимон од Атина“ на Б. Брезовец по В. Шекспир)
Лилјана Мазова
Бранко Брезовец (Хрватска) добар дел од својот режисерски опус реализира со ансамбли и актери во Македонија. Предизвик му е театар - процес во кој се сите креатори, а со Шекспировиот „Тимон од Атина“ оди понатаму: во дејствието активен е и гледачот, но не како посматрач кој во својата столица може и да го занемари она што пред него се игра. „Тимон од Атина“ е копродукција на Народниот театар во Битола, Турскиот театар во Скопје и Laboratorio Nove во Фиренца, Италија и додека трае, сите се во него. Актерите, додека го играат тој процес кој се случува вон конвенционален сценски простор, ги движат и трите контејнери со по 12 гледачи (мора да е голем хол, каков што, на пример, беше на македонската  премиера на „Охридското лето 2005“ во еден училишен хол, во Скопје во холот на Младинскиот културен центар, а во Битола во театарско влезно фоаје).
Брезовец концептот го остварува низ соработката со актерите пред кои  во продолжение поставува нови замки: тие во контејнерите влегуват од сите  страни - над главите, под нозете или во скутот на публиката. Целта е да се одигра процес во кој секој, на свој и поинаков начин, ќе стане дел од него, а  актерот за свој партнер ќе го има и гледачот. Дејствието е активно, секој го чувствува здивот и мирисот на другиот, се преплетуваат ликовите во идејата на режисерот - да се доживеат и одживеат расипаноста, суетата и лакомоста. Во одделниот контејнер или во просторот што во форма на триагиолник го формираат трите, во оној „до ѕидот“ или зад и пред стаклото меѓу актерите и гледачите, постојано се и делови од Шекспировиот текст испишани на поголеми или помали картони. Тоа е и замка: доколку се обидеш да читаш, ти бега дејствието во кое Тимон, откако ќе ја согледа не благодарноста на оние што му се додворувале од корист а тој ги наградувал со скапи дарови, оди да живее сам во пештера. Се преобразува во човекомрзец кој на истите кои повторно ќе побараат негова помош, им го нуди дрвото од пред пештерата на кое можат да се обесат...
Брезовец создава процес во кој беспоговорно е секој што е дел од него. Тројството на човековите маани со актерите од трите ансамбли, со публиката во трите контејнери, се игра на три јазици - македонски, турски и италијански. Како колективна енергија која говори за расипаноста, суетата и лакомоста кои во „Тимон од Атина“ се однесуваат на индивидуата (Вилијам Шекспир драмата ја напишал во 1608 година). Концептот на адаптацијата и на режијата на Брезовец се бара во знаците на заедничкото меѓу реализаторите и  гледачите. Во костимите на Благој Мицевски кои го варираат минатото во сегашноста, во решенијата на сценскиот простор на Јане Чаловски, сценските движења на Жељка Санчанин и музиката која е водителка на дејствието на Миодраг Неќак, се актерите од Фиренца - Серџо Агуире, Анџела Антонини, Сандра Гауљери, Силвано Паники и Дамир Тодоровиќ, актерите од Битола - Сузана Брезовец, Борис Чоревски, Валентина Грамосли, Иван Јерчиќ, Соња Михајова и Петар Горко и актерите од Скопје - Салаетин Билал, Елјеса Касо, Селпин Керим, Атила Клинче и Несрин Таир. Иако ангажманот почнува од индивидуалноста на актерот, се натаму е цврста структура во која секој е со некого. Се поддржува заедничкото низ игра во која знакот се претвора во знаци.
Брезовец ги обединува различните енергии. Консеквентно го истражува мотивот за она што сака да го покаже и поставува правила од кои нема скршнувања. Различните сцени се следат од различен агол а дејствието сепак се случува секому, секој секого гледа и слуша, ѕирка или прислушкува. Тензијата на распарченост за партнер го има индивидуалниот знак во колективната целина која пак за партнер ја има публиката. Таквата призма се усложнува до усвитеност: се игра лице в лице, еден до друг, секој се нуди себеси и својата разголеност пред другиот/другите. Дел од дејствието се игра и зад стаклени ѕидови низ кои концептот на Брезовец се мултипликува во сурова приказна за светот денес. Актерите ги одигруваат состојбите на суровата и агресивна стварност. Физичката, мисловната, емотивната, говорната, пејачката или танцовата енергија, ги поставуваат замките на овој „Тимон од Атина“ на екипата на Брезовец. Обединети консеквентно во идејата и енергијата, го заробуваат во себе и гледачот.

Дневник, 2005