ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Народен театар - Битола

Народен театар - Битола

Борче Грозданов: За насушната потреба - животот
Иван Додовски: Пожар и нежност
Лилјана Мазова: На работ на спознајната (не)извесност
Цветанка Зојчевска: Поетика и манипулација
Цветанка Зојчевска: Изгубена комуникација
Цветанка Зојчевска: Во Битолски театар се бранеше честа
Илија Упалевски: Без режисерски концепт и актерско остварување
Илија Упалевски: Интертекстуалноста - стапица за актерската екипа
Цветанка Зојчевска: Аста ла виста Слободо
Илија Упалевски: Естетскиот крик како жртва на детаљот
Борче Грозданов: Тимон ги разбуди сетилата
Борче Грозданов: Се видовме во шекспировото огледало
Емилија Матаничкова: Нови барања и потреби на театарот
Цветанка Зојчевска: Одамна е се прочитано, ништо не е сменето
Ердоан Максут: Претстава од соништата со три принципи
Илија Упалевски: Пот и „недоразбирања“
Илија Упалевски: За моќта и за нејзините жртви
Анета Јанчевска: Оригинален перформанс на живи тела и енергии
Илија Упалевски: Просечна комедија и изморен хумор
Лилјана Мазова: Знаци на заедништво меѓу актерите и публиката
Наташа Бунтеска: „Женидба“ - претстава што ветува
Тодор Кузманов: Подзаборавениот Островски
Анета Јанчевска: Ние во огледалото на Гогољ
Панде Манојлов: „Женидба“ на ниво
Тодор Кузманов: Модерна постановка
Наташа Бунтеска: Експеримент кој ја нагласува севременоста на темата Хамлет
Борче Грозданов: Хамлет е и ова - ДА!
Анета Јанчевска: Театар кој се доживува
Тодор Кузманов: Хамлет за почетници
Борче Грозданов: Една поинаква слика на потрагата по коренот
Цветанка Зојчевска: Чудото на Цветановски
Борче Грозданов: Шекспир и Јонеско како опомена
Цветанка Зојчевска: Моќта како гротеска
Лилјана Мазова: Јазол во кој е жртвувана актерската енергија
Лилјана Мазова: Принципот еднаков - претставите различни
Цветанка Зојчевска: Сакајте си ја вагината
Борче Грозданов: Свирачот... не крена на нозе
Лилјана Мазова: Емотивна приказна со збор, музика и игра
Борче Грозданов: Катастрофален филм
Цветанка Зојчевска: Навредливо лошо
Александра Бошковска: Разидување меѓу текстот и режисерскиот концепт
Лилјана Мазова: Црна пасија за црната чума
Лилјана Мазова: Низ лавиринтот на животот
Лилјана Мазова: Зошто свињите не летаат?
Александра Бошковска: Сосема обична претстава
Александра Бошковска: Композиција со добри актерски остварувања
Лилјана Мазова: „Медеја“ во народниот театар во Битола: Крик против рамнодушноста
Лилјана Мазова: Моќна приказна за борбата против злото

______________________________________________________

Иван Додовски: Пожар и нежност

(Кон претставата „Три сестри“ од А. П. Чехов, режија – Александар Поповски, изведба - Народен театар од Битола)
Иван Додовски
„Три сестри“ на режисерот Александар Поповски е претстава натопена со бои и звуци. Ангелина Атлагиќ (дизајн) и Кирил Џајковски (музика) беспрекорно работат на ефектот: атмосфера. За тоа мајсторство, меѓутоа, по аналогија или по контраст, треба да се врзат психолошки црти. Нив ги отелотворуваат одлични актери, од драмско месо и режисерска инвенција. Токму така Александар Поповски го „допишува“ Чехов, кратејќи го. Претставата е едновремено метафизички омаж и очудена форма.
Сосем спокојно, сe почнува со звуците на ”Imagine” од Битлси (Beatles). Среде синилото на празниот простор, на огромниот лустер е Ирина, под неа - Олга, на подот - пијаната Маша. Трите сестри, едвај чујно, ги одвиткуваат сеќавањата и копнежите. Лирското во претставата е фасцинатна нишка што исчезнува. Впечатливи се барем три такви сцени: додека врз неговата ќела ситно вее снегот, баронот Тузенбах (го игра одлично Петар Мирчевски) и  се додворува на Ирина; пред неа и Саљони (на Иван Јерчиќ) се слекува до гола кожа за да искаже очајна љубов; а маскенбалот - таа игра на криењето - ги открива сите во оклопен костим на „бубачки“, истркалани во чин на љубовна интима, додека безмилосното време не ја однесе илузијата.
Во контрапункт, режисерската жестокост надоаѓа за да ја секне нежноста. Во првиот дел, тоа е коитусот на неуспешниот научник Прозоров (толкуван со доза наивност и здржан внатрешен грч од Петар Горко), кого трите сестри бесно се обидуваат да го оттргнат од прегратката на ексцентричната Наталија, негова идна жена (играна од Валентина Грамосли, во рамномерен манир на женска зајадливост и доминација). Подоцна - доаѓа пожарот, во вид на фарсичен мизансцен за безизлезот: по пижами, збунети, недорасонети, пресечени во мигот на сон (за животот!?), сите панично претураат троа вода од шупло во празно, од мало во помало, за на крајот да изгаснат - свеќа! А крајот е страшен: свечените униформи се заменети со војнички, топовските тркала се движат, војската заминува на друго место, но пустошот останал во сите и секаде. Збогување, и најпосле - повторно рефрен од песната ”Imagine”, но овојпат деформирана, агресивна до болка: „замисли дека нема рај!“
Има и трет „мускул“ што го врзува ова противречно поставено драмско месо. Тоа се оние сцени во кои гледната точка е на еден лик, додека дејството сеедно тече понатаму. Маша на Габриела Петрушевска е, веројатно, најдобро дефинирана токму во таква сцена. Додека во заден план, Тузенбах и Саљони разговараат, таа – во преден план - тивко плаче, без глас, чувствувајќи ја сe уште јасната топлина на прегратката со Вершињин и отровот на можната разделба. Ироничен ефект, пак, имаат оние кратки сцени во кои фокусот паѓа на старците - Анфиса на Јоана Поповска, која повти да заигра со младите во маскенбалот што веќе завршил; и Ферапонт (брилјантна минијатура на Михајло Петровски), кој севезден, од никаде, изникнува за да потсети на некави докрај нејасни или безначајни задолженија од секојдневието.
Повеќе ситни детали во претставата градат горки значења. Ирина на Николина Кујача е разгалено дете, кое мечтае за прекрасната Москва. Качена на лустерот, таа инсистира на величествена иднина. Но, уште од првата сцена, еден детаљ ја дефинира јасно: плунката и  запира во грлото, животот не може да го достигне сонот. Наспрема нејзината нежност, Елена Моше го гради ликот на Олга со строгост на гест и здржана дикција, фино таејќи, сепак, несреќна жена, чија болка не може да ја исцели ниту напорниот труд. Драмата се случува „внатре“ и кај Чебуткин на Иљко Стефановски, кој божем незаитересирано го следи минувањето на времето, како и, сосем пластично, кај Кулигин на Митко С. Апостоловски, кој - покрај малограѓанска „ученост“ – открива богат неспокој на неприфатен сопруг. Со детаљ-индиција и Никола Ристановски почнува да го гради ликот на Вершињин: неговото колено боли при обид да маршира. Таа подробност ќе рече многу за човечката немоќ. Кога, пак, на крајот, веќе мора да замине, Вершињин на Ристановски ја враќа силата на војничкиот чекор (за туѓи битки!?). Но, тој е предвреме поразен во безнадежната романса со Маша. Цврстината и нежноста, низ игра на душевен импулс и телесна воздржаност, се прекршуваат кај Ристановски во мерата на чудна човечка судбина, чудна – бидејќи себереализацијата е заменета со интелектуализирање за некои други среќни луѓе „по двесете, триста години“.
Среде звуците (од нежност до закана) и среде боите (од чистината на белото и синото, преку пастелниот пожар, до суровоста на војничкото зелено) – трите сестри се три удари во челото на нашата стварност. Ако невиноста нема иднина (Ирина), ако трудот не раѓа смисла (Олга), ако суштинската промена е неможна (Маша), тогаш - каде е крајот на нашата агонија, вклештени во „транзицијата“ - меѓу едно и друго движење на топовските тркала, во паузата на мирот или на војната?

Утрински весник, 11.03.2004 г.