ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Народен театар - Битола

Народен театар - Битола

Борче Грозданов: За насушната потреба - животот
Иван Додовски: Пожар и нежност
Лилјана Мазова: На работ на спознајната (не)извесност
Цветанка Зојчевска: Поетика и манипулација
Цветанка Зојчевска: Изгубена комуникација
Цветанка Зојчевска: Во Битолски театар се бранеше честа
Илија Упалевски: Без режисерски концепт и актерско остварување
Илија Упалевски: Интертекстуалноста - стапица за актерската екипа
Цветанка Зојчевска: Аста ла виста Слободо
Илија Упалевски: Естетскиот крик како жртва на детаљот
Борче Грозданов: Тимон ги разбуди сетилата
Борче Грозданов: Се видовме во шекспировото огледало
Емилија Матаничкова: Нови барања и потреби на театарот
Цветанка Зојчевска: Одамна е се прочитано, ништо не е сменето
Ердоан Максут: Претстава од соништата со три принципи
Илија Упалевски: Пот и „недоразбирања“
Илија Упалевски: За моќта и за нејзините жртви
Анета Јанчевска: Оригинален перформанс на живи тела и енергии
Илија Упалевски: Просечна комедија и изморен хумор
Лилјана Мазова: Знаци на заедништво меѓу актерите и публиката
Наташа Бунтеска: „Женидба“ - претстава што ветува
Тодор Кузманов: Подзаборавениот Островски
Анета Јанчевска: Ние во огледалото на Гогољ
Панде Манојлов: „Женидба“ на ниво
Тодор Кузманов: Модерна постановка
Наташа Бунтеска: Експеримент кој ја нагласува севременоста на темата Хамлет
Борче Грозданов: Хамлет е и ова - ДА!
Анета Јанчевска: Театар кој се доживува
Тодор Кузманов: Хамлет за почетници
Борче Грозданов: Една поинаква слика на потрагата по коренот
Цветанка Зојчевска: Чудото на Цветановски
Борче Грозданов: Шекспир и Јонеско како опомена
Цветанка Зојчевска: Моќта како гротеска
Лилјана Мазова: Јазол во кој е жртвувана актерската енергија
Лилјана Мазова: Принципот еднаков - претставите различни
Цветанка Зојчевска: Сакајте си ја вагината
Борче Грозданов: Свирачот... не крена на нозе
Лилјана Мазова: Емотивна приказна со збор, музика и игра
Борче Грозданов: Катастрофален филм
Цветанка Зојчевска: Навредливо лошо
Александра Бошковска: Разидување меѓу текстот и режисерскиот концепт
Лилјана Мазова: Црна пасија за црната чума
Лилјана Мазова: Низ лавиринтот на животот
Лилјана Мазова: Зошто свињите не летаат?
Александра Бошковска: Сосема обична претстава
Александра Бошковска: Композиција со добри актерски остварувања
Лилјана Мазова: „Медеја“ во народниот театар во Битола: Крик против рамнодушноста
Лилјана Мазова: Моќна приказна за борбата против злото

______________________________________________________

Илија Упалевски: Просечна комедија и изморен хумор

(Зет за Кристина од Скендер Демоли, режија: Димитри Орготска, Народен театар - Битола)
Илија Упалевски
Во текот на својата историја, комедијата како жанр се формирала и развивала под постојаното и судбински предодредено влијание на две по природа спротивставени сили: од една страна, влијанието на нејзината инфериорна позиција во однос на останатите (драмски) жанрови, а од друга страна пак, влијанието на нејзината загарантирана популарност кај најголемиот дел од театарската публика. И последната премиера на Народниот театар од Битола, комедијата Зет за Кристина на авторот Скендер Демоли и режисерот Димитри Орготска не оди подалеку од судбински обележаната територија на овој жанр. Нејзината (уметничка) намера сигурно не подразбира обид за некаков естетски исчекор во, најчесто, просечната 2005-та за овој театар, но затоа пак подразбира можност за привлекување на вниманието на оној дел од публиката за кој „стереотипот комедија“, значи загарантирана забава. Просечната комедија на Демоли подразбира неинвентивен, едноставно развиен заплет во кој серијата недоразбирања, пресудни за овој жанр, се придвижени од различната, спротивставена класна позиција на нејзините ликови. Режијата на Орготска неприкосновено ги следи ознаките на текстот и има за цел да обезбеди доволно ограничен театарски простор, кој би ја одржал компактноста на изведбата и кој би  овозможил впечатливи (комични) актерски маневри. Оттука, актерот во оваа претстава, кој непотребно преживува режим на прецизни влезови и излези во претерано означената театарска сцена, се наоѓа во една прилично комплицирана позиција. Со својата игра тој треба да ја надмине просечноста и фригидноста на текстот кој му припаѓа по судбина, но и на режисерската визија која доаѓа како негово наметнато ограничување. Добар дел од екипата на Битолскиот театар, за среќа на изведбата, се соочува со оваа проблематична позиција, повикувајќи се на искуството и на повторливи и веќе стандардизирани механизми кои треба да предизвикаат комичен ефект. Повторувањето (ако може да се нарече среќна околност), уште еднаш е етикета која ја обележува играта на Јоана Поповска, Јулијана Стефанова и Михајло Петровски. Од стандардизираната актерска игра на оваа екипа отстапува играта на Слободан Степановски, чии одлични сценски движења, а пред се рамнотежа на актер кој често се доведива во арлекински позиции на телото, нудат интересна енергија и го оживуваат едноставниот заплет на оваа комедија. Оваа рецензија сака да укаже и на претерано прозаичниот карактер на аудио и визуелниот дизајн на оваа претстава, а пред сe на сценографијата на Драган Ангелковиќ и музиката на Миодраг Неќак. Наместо да го преиначи и локализира контекстот на комедијата на Демоли, што најверојатно имал за цел, таков каков што е дизајнот на оваа претстава додолнително естетски ја осиромашува нејзината изведба.
Генерално, колку и да содржи гледачки потенцијал, Зет за Кристина е просечна комедија за лоши вкусови.

Форум плус, 12.11.2005