ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Народен театар - Битола

Народен театар - Битола

Борче Грозданов: За насушната потреба - животот
Иван Додовски: Пожар и нежност
Лилјана Мазова: На работ на спознајната (не)извесност
Цветанка Зојчевска: Поетика и манипулација
Цветанка Зојчевска: Изгубена комуникација
Цветанка Зојчевска: Во Битолски театар се бранеше честа
Илија Упалевски: Без режисерски концепт и актерско остварување
Илија Упалевски: Интертекстуалноста - стапица за актерската екипа
Цветанка Зојчевска: Аста ла виста Слободо
Илија Упалевски: Естетскиот крик како жртва на детаљот
Борче Грозданов: Тимон ги разбуди сетилата
Борче Грозданов: Се видовме во шекспировото огледало
Емилија Матаничкова: Нови барања и потреби на театарот
Цветанка Зојчевска: Одамна е се прочитано, ништо не е сменето
Ердоан Максут: Претстава од соништата со три принципи
Илија Упалевски: Пот и „недоразбирања“
Илија Упалевски: За моќта и за нејзините жртви
Анета Јанчевска: Оригинален перформанс на живи тела и енергии
Илија Упалевски: Просечна комедија и изморен хумор
Лилјана Мазова: Знаци на заедништво меѓу актерите и публиката
Наташа Бунтеска: „Женидба“ - претстава што ветува
Тодор Кузманов: Подзаборавениот Островски
Анета Јанчевска: Ние во огледалото на Гогољ
Панде Манојлов: „Женидба“ на ниво
Тодор Кузманов: Модерна постановка
Наташа Бунтеска: Експеримент кој ја нагласува севременоста на темата Хамлет
Борче Грозданов: Хамлет е и ова - ДА!
Анета Јанчевска: Театар кој се доживува
Тодор Кузманов: Хамлет за почетници
Борче Грозданов: Една поинаква слика на потрагата по коренот
Цветанка Зојчевска: Чудото на Цветановски
Борче Грозданов: Шекспир и Јонеско како опомена
Цветанка Зојчевска: Моќта како гротеска
Лилјана Мазова: Јазол во кој е жртвувана актерската енергија
Лилјана Мазова: Принципот еднаков - претставите различни
Цветанка Зојчевска: Сакајте си ја вагината
Борче Грозданов: Свирачот... не крена на нозе
Лилјана Мазова: Емотивна приказна со збор, музика и игра
Борче Грозданов: Катастрофален филм
Цветанка Зојчевска: Навредливо лошо
Александра Бошковска: Разидување меѓу текстот и режисерскиот концепт
Лилјана Мазова: Црна пасија за црната чума
Лилјана Мазова: Низ лавиринтот на животот
Лилјана Мазова: Зошто свињите не летаат?
Александра Бошковска: Сосема обична претстава
Александра Бошковска: Композиција со добри актерски остварувања
Лилјана Мазова: „Медеја“ во народниот театар во Битола: Крик против рамнодушноста
Лилјана Мазова: Моќна приказна за борбата против злото

______________________________________________________

Анета Јанчевска: Оригинален перформанс на живи тела и енергии

(Кон претставата „Тимон од Атина“ во режија на Бранко Брезовец)
Анета Јанчевска
Последната премиера која се одржа во рамките на тукушто заршениот Млад отворен театар беше долгоочекуваниот „Тимон од Атина“ од Шекспир, во режија на Бранко Брезовец. Оваа копродукција помеѓу Турскиот театар од Скопје, Народниот театар од Битола и Лабораторио нове од Фиренца, по настапите во Фиренца, Италија и Охридско лето, конечно се врати пред домашната публика. За жал, оваа нејзина прва изведба во Скопје завчеравечер во холот на Младинскиот културен центар можеа да ја видат само 36-мина поради самиот концепт на претставата. Велам, за жал затоа што е голема штета што многумина не успеаа да бидат сведоци на овој навистина невообичаен и оригинален начина на читање на Шекспир. Секој од театрите учествуваше со по пет актери, односно: Салаетин Билал, Атила Клинче, Несрин Таир, Елјеса Касо и Селпин Керим од Турскиот театар, Сузана Брезовец, Борис Чоревски, Валентина Грамосли, Иван Јерчиќ, Соња Михајлова и Петар Горко од Битолскиот театар и Серџо Агуире, Анџела Антонини, Сандра Гаруљери, Силвано Паники и Дамир Тодоровиќ. Сценографијата е на Јане Чаловски, костимите ги изработи Благој Мицевски, музиката е на Марјан Неќак, а сценските движења се на Жељка Санчанин.
Конечно македонската театарска сцена прими трансфузија на свежа крв. Оваа необична и изненадувачки оригинална инсценација на Шекспир, предизвика силни и позитивни реакции. Како никогаш досега, публиката остана збунета пред сето она што Брезовец ? го подготви. Сместени во т.н. контејнери на тркалца гледачите постојано беа транспортирани од еден крај на друг од холот на Младинскиот културен центар. И секое ново поместување, значеше ново доживување и изненадување. Блиските средби со актерите, можноста да се чуе шепот во увото, да се помириса потта, да се дојде во контакт со телото на протагонистите ја прават оваа претстава перформанс на живи тела и енергии.
За секоја од трите групи на публика се одвиваа три паралелни претстави. За секоја група имаше по еден Тимон, по еден поет, по еден сликар, златар, по три пара слуги, сенатори... Македонец, Турчин и Италијанец. Додека го говореа текстот на трите различни јазици, од две различни страни го слушаа ехото на своите зборови изговорени од останатите двајца ликови кои паралелно ја играа истата сцена пред останатите два контејнера. Ехо кое асоцира на историјата која се повторува и која не бира граници, јазици и културни наследства. За сето време, можевме да го читаме и преводот на македонски кој беше или испишан на ѕидовите и контејнерите, или добиваше своја функција на книги, мечеви, пари, дарови, чинии, штитови. Тоа беше една од повеќето причини кои го тераа гледачот да се сосредоточи на дејствието, но и да биде флексибилен при пренасочувањето на неговото внимание. Постојаното менување на локациите, максималното искористување на просторот (беа користени галеријата, скалите, бифето, влезната врата, портирницата и два ѕида од холот), преигрувањето со контејнерите во кои не ретко влегуваа самите актери, создаваа чувство на напнатост и исчекување што следно ќе се случи. Со тоа гледачот од пасивен, се претвора во активен восприемач на дејствието, дел од тоа тројство кое е клучно за режисерскиот концепт. Не само што слуша и гледа, ами мириса, се поместува правејќи му место на актерот до него, зад него, пред него или над него или пак се напрега да го постигне примањето на информациите кои надоаѓаат со голема брзина.  
Бранко Брезовец е веќе добро познат по тоа што секогаш оди барем еден чекор понапред во експериментирањето и истражувањето на можностите на театарската уметност. Во случајов неговиот „Тимон од Атина“ нуди современ облик на она што е фундамент во ова дело на Шекспир, на она што се нарекува акт и дело. Она што се нарекува маана, а има три различни имиња: алчност, суета и расипништво. А, одлуката да се говори на македонски, турски и италијански не е случаен. Имено, таа повлекува паралела со копнежот и безнадежната упорност на двете периферни држави како Македонија и Турција, да станат дел од мозаикот наречен Европа во кој Италија одамна си има обезбедно делче. Дали тој нивни копнеж е олицетворен на трите споменати маани или ситуацијата е обратна?
Секој од петнаесетмината актери говореше и пееше во живо на три различни јазици. Иако различни, сепак со една и единствена намера: уште еднаш да се проговори за човековите маани и да се потенцираат како фундамент на општествената реалност. Нивната колективност, истрајност во навистина тешките физички задачи воодушевуваат. Со ова докажаа дека имаме актерски кадар кој освен тоа што знае да научи текст напамет, има силна кондиција, ориентација во просторот и што е најважно, чувство за колективност. „Тимон од Атина“ е извонреден начин и цврст поттик да се отпочне една нова ера во македонскиот театар. Ера на смели и инвентивни театарски дејци отворени за експеримент.

Македонија денес, 2005