ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Народен театар - Битола

Народен театар - Битола

Борче Грозданов: За насушната потреба - животот
Иван Додовски: Пожар и нежност
Лилјана Мазова: На работ на спознајната (не)извесност
Цветанка Зојчевска: Поетика и манипулација
Цветанка Зојчевска: Изгубена комуникација
Цветанка Зојчевска: Во Битолски театар се бранеше честа
Илија Упалевски: Без режисерски концепт и актерско остварување
Илија Упалевски: Интертекстуалноста - стапица за актерската екипа
Цветанка Зојчевска: Аста ла виста Слободо
Илија Упалевски: Естетскиот крик како жртва на детаљот
Борче Грозданов: Тимон ги разбуди сетилата
Борче Грозданов: Се видовме во шекспировото огледало
Емилија Матаничкова: Нови барања и потреби на театарот
Цветанка Зојчевска: Одамна е се прочитано, ништо не е сменето
Ердоан Максут: Претстава од соништата со три принципи
Илија Упалевски: Пот и „недоразбирања“
Илија Упалевски: За моќта и за нејзините жртви
Анета Јанчевска: Оригинален перформанс на живи тела и енергии
Илија Упалевски: Просечна комедија и изморен хумор
Лилјана Мазова: Знаци на заедништво меѓу актерите и публиката
Наташа Бунтеска: „Женидба“ - претстава што ветува
Тодор Кузманов: Подзаборавениот Островски
Анета Јанчевска: Ние во огледалото на Гогољ
Панде Манојлов: „Женидба“ на ниво
Тодор Кузманов: Модерна постановка
Наташа Бунтеска: Експеримент кој ја нагласува севременоста на темата Хамлет
Борче Грозданов: Хамлет е и ова - ДА!
Анета Јанчевска: Театар кој се доживува
Тодор Кузманов: Хамлет за почетници
Борче Грозданов: Една поинаква слика на потрагата по коренот
Цветанка Зојчевска: Чудото на Цветановски
Борче Грозданов: Шекспир и Јонеско како опомена
Цветанка Зојчевска: Моќта како гротеска
Лилјана Мазова: Јазол во кој е жртвувана актерската енергија
Лилјана Мазова: Принципот еднаков - претставите различни
Цветанка Зојчевска: Сакајте си ја вагината
Борче Грозданов: Свирачот... не крена на нозе
Лилјана Мазова: Емотивна приказна со збор, музика и игра
Борче Грозданов: Катастрофален филм
Цветанка Зојчевска: Навредливо лошо
Александра Бошковска: Разидување меѓу текстот и режисерскиот концепт
Лилјана Мазова: Црна пасија за црната чума
Лилјана Мазова: Низ лавиринтот на животот
Лилјана Мазова: Зошто свињите не летаат?
Александра Бошковска: Сосема обична претстава
Александра Бошковска: Композиција со добри актерски остварувања
Лилјана Мазова: „Медеја“ во народниот театар во Битола: Крик против рамнодушноста
Лилјана Мазова: Моќна приказна за борбата против злото

______________________________________________________

Илија Упалевски: За моќта и за нејзините жртви

Илија Упалевски
Кога би се одлучил да рационализирам (а така не би направил ништо што би било туѓо за претставата за која ќе зборувам), тогаш би рекол дека Ричард Трети на режисерот Љубиша Георгиевски е претстава организирана околу една доминантна идеја, според која историјата подразбира праволиниска, макијавелистичка логика на непрекинлив трансфер на моќта и власта, која не признава никаков дисконтинуитет и која нужно ја умножува смртта и ја усложнува геометријата на злото.
Водена од оваа идеја, режијата на Георгиевски „се интересира“ за една неретко акцентирана димензија на оваа драма на Шекспир, во која пред сличност се доведуваат историјата на кралот Ричард Трети и историјата на една диктатура (воопшто). Режијата на Георгиевски не дозволува „непознато“: црвената линија на историјата и огледалото кое го повикува нашиот контекст се воведени како доминантни знаци, мизансценските решенија се прецизни и ефектни, секој лик (на повеќето од нив сериозно им недостига современ коментар) е означен прилично недвосмислено, а убиствата помалку аристотеловски, а повеќе иронично, по правило се случуваат зад сцената. Во име на идејата која ја обединува оваа претстава, Георгиевски се одлучува на две битни режисерски интервенции. Првата ја воведува во втората сцена од 4-от чин, кога сите потчинети на веќе крунисаниот Ричард, ги добиваат неговите физички карактеристики. На овој начин интересот на гледачот за момент се дистанцира од главниот лик и се фокусира на потчинетата категорија која, според оваа претстава, е онолку важна за животот на една диктатура колку и самиот диктатор. Втората интервенција ја следиме во завршниот монолог на Хенри од Ричмонд, кога неговата победничка реторика, од пофалба на надежта е преведена во јазик на една нова (следна) диктатура. Вака поставениот монолог на Хенри многу директно упатува на недовербата што оваа претстава ја покажува кон каков било дисконтинуитет во ужасниот макијавелистички синџир на власта.
Оваа претстава, генерално, се базира на една креативна конфликтна ситуација во која се доведуваат, од една страна строгиот и недвосмислен режисерски концепт на Георгиевски, а од друга страна пак, иманентната потреба на актерот, конкретно на Петар Мирчевски како Ричард Трети, да ги надмине очекувањата на жанрот и дополнително да ја нијансира (семантички и емотивно) режисерската визија. Овој конфликт направи да видиме еден сериозно изграден Ричард Трети од страна на Мирчевски и неколку мајсторски поставени сцени. Вака рационализираниот Шекспир можеби обезбедува јасна и стабилна театарска претстава, но во едновреме овозможува некои нејзини аспекти да функционираат како вишок. Тука, пред сe, мислам на изнасилениот костимографски дизајн и на пренагласената емотивна вредност на ликот на Леди Ана и на ликот на Кларенс (ги играат Габриела Петрушевска и Петар Горко). Театарот никогаш не им свртел грб на историјата и на искуството, напротив, тој никогаш не престанал да ја игра, честопати, претплатената улога на медиум кој ќе ја санкционира нивната надмоќ. Ричард Трети е претстава вредна за соочување. И во име на театарот, и во име на искуството.

Форум плус, 15.10.2005