ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Народен театар - Битола

Народен театар - Битола

Борче Грозданов: За насушната потреба - животот
Иван Додовски: Пожар и нежност
Лилјана Мазова: На работ на спознајната (не)извесност
Цветанка Зојчевска: Поетика и манипулација
Цветанка Зојчевска: Изгубена комуникација
Цветанка Зојчевска: Во Битолски театар се бранеше честа
Илија Упалевски: Без режисерски концепт и актерско остварување
Илија Упалевски: Интертекстуалноста - стапица за актерската екипа
Цветанка Зојчевска: Аста ла виста Слободо
Илија Упалевски: Естетскиот крик како жртва на детаљот
Борче Грозданов: Тимон ги разбуди сетилата
Борче Грозданов: Се видовме во шекспировото огледало
Емилија Матаничкова: Нови барања и потреби на театарот
Цветанка Зојчевска: Одамна е се прочитано, ништо не е сменето
Ердоан Максут: Претстава од соништата со три принципи
Илија Упалевски: Пот и „недоразбирања“
Илија Упалевски: За моќта и за нејзините жртви
Анета Јанчевска: Оригинален перформанс на живи тела и енергии
Илија Упалевски: Просечна комедија и изморен хумор
Лилјана Мазова: Знаци на заедништво меѓу актерите и публиката
Наташа Бунтеска: „Женидба“ - претстава што ветува
Тодор Кузманов: Подзаборавениот Островски
Анета Јанчевска: Ние во огледалото на Гогољ
Панде Манојлов: „Женидба“ на ниво
Тодор Кузманов: Модерна постановка
Наташа Бунтеска: Експеримент кој ја нагласува севременоста на темата Хамлет
Борче Грозданов: Хамлет е и ова - ДА!
Анета Јанчевска: Театар кој се доживува
Тодор Кузманов: Хамлет за почетници
Борче Грозданов: Една поинаква слика на потрагата по коренот
Цветанка Зојчевска: Чудото на Цветановски
Борче Грозданов: Шекспир и Јонеско како опомена
Цветанка Зојчевска: Моќта како гротеска
Лилјана Мазова: Јазол во кој е жртвувана актерската енергија
Лилјана Мазова: Принципот еднаков - претставите различни
Цветанка Зојчевска: Сакајте си ја вагината
Борче Грозданов: Свирачот... не крена на нозе
Лилјана Мазова: Емотивна приказна со збор, музика и игра
Борче Грозданов: Катастрофален филм
Цветанка Зојчевска: Навредливо лошо
Александра Бошковска: Разидување меѓу текстот и режисерскиот концепт
Лилјана Мазова: Црна пасија за црната чума
Лилјана Мазова: Низ лавиринтот на животот
Лилјана Мазова: Зошто свињите не летаат?
Александра Бошковска: Сосема обична претстава
Александра Бошковска: Композиција со добри актерски остварувања
Лилјана Мазова: „Медеја“ во народниот театар во Битола: Крик против рамнодушноста
Лилјана Мазова: Моќна приказна за борбата против злото

______________________________________________________

Илија Упалевски: Пот и „недоразбирања“

(„Тимон Атињанинот“ - Шекспир, режија: Бранко Брезовец, продукција: Народниот театар од Битола, Турскиот театар од Скопје и театарот “Laboratorio Nove“ од Фиренца.)
Илија Упалевски
Тимон Атињанинот е провокација, исклучително искуство, фестивал на телото, потта и страста за создавање, отстапка од правилата. Ова е претстава со многу митско во себе, со свој и само свој простор (во Охрид тоа беше училиштето Св. Климент Охридски). Четириесетмина гледачи се разделени на три пункта и секоја третина осознава различна уметничка вистина, следи различен перформанс, слуша различен јазик. Шокот е клучниот поим во разбирањето на Тимон Атињанинот и инстанцата на која се темели сложената тројна структура на режисерот Брезовец. Тој произлегува од серијата „недоразбирања“ кои ги преживува гледачот, соочен со еден театарски модел поинаков од сите класични модели кои ги оформиле неговите гледачки навики. Тука поимот недоразбирање треба да се подразбира како креативен миг кој ги провоцира спознанието и толкувачките механизми. Актерот во Тимон Атињанинот не е медиум на нечии (режисерски, авторски) идеи или фрустрации, ниту е магичен организам подготвен во себе да преживува туѓи судбини и чувства. Единствено неговото тело, пот и самосвест ги содржат клучните регистри на значењето, врз кои останатите знаци (сценографијата на Јане Чаловски, костимографијата на Благој Мицевски и текстот) спонтано се надоврзуваат. Ваквиот принцип отвора една нова, метатеатарска димензија на оваа претстава, при што нејзиниот гледач нема да се интересира само за „приказната“ од текстот, туку и за „приказната“ на актерот. Во оваа претстава актери од Битолскиот театар се: Сузана Брезовец, Борис Чоревски, Валентина Грамосли, Иван Јерчик, Соња Михајлова, Петар Горко; од Турскиот театар - Скопје: Селаетин Билал, Елјеса Касо, Селпин Керим, Атила Клинче, Несрим Таир и од Laboratorio Nove“ од Фиренца: Серџо Агуире, Ангела Антонини, Сандра Гаругриери, Силвано Паниќи, Дамир Тодорович.
Јазикот е следниот проблем кој го раѓа недоразбирањето, во ситуација кога три јазика ќе се сретнат на исто место. За да се реши овој проблем, гледачот е соочен со илјадници зборови испишани и на најситниот детаљ од сценографијата или костимографијата. Зад таквото решение стои иронична режисерска интервенција, која го воведува преводот во функција на одвлекување на вниманието на гледачот од основните знаци кои ги содржи актерската игра. Со поставката на Тимон Атињанинот се потврдува моќта на театарскиот медиум во целост да го семантизира просторот во кој се остварува себеси. И во поглед на просторот кој го означува за свој, Тимон Атињанинот отстапува од една конвенција на
класичниот театар, според која театарот се игра на однапред определен, институционализиран и културно кодиран простор. Во случајот на Тимон Атињанинот, прашање е на судбината (или на волјата на боговите, ако сакате) која претстава од трите можни варијанти ќе ја проследи гледачот. Ако во театарските стандарди неможноста од физички контакт со актерот е проблем на конвенција, тогаш Тимон Атињанинот уште еднаш чини отстапка со елиминацијата на „непријателскиот“ простор меѓу гледачот и актерот. Тимон Атињанинот го афирмира индивидуализмот, но не е претстава на актери-индивидуалци, туку е производ на компактна, жестока актерска игра. Секоја чест за професионализмот и енергијата на македонскиот дел од актерската екипа. Музичката позадина на Маријан Нечак, не само што атмосферски го заокружува овој перформанс, туку е и важен фактор за емотивна градација на оваа претстава. Средбата со Тимон Атињанинот имплицира дека осознавањето на уметничката вистина, вклучително и театарската, секогаш не подразбира логика и следење на готови поими, туку отворена подготвеност на гледачот да ги чита знаците на потта. На секој кој ќе се одлучи на ова патување (тој што ќе ја гледа претставата ќе разбере дека ова го мислам и буквално), оваа рецензија му гарантира исклучителна авантура.

Форум плус, 16.09.2005