ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Народен театар - Битола

Народен театар - Битола

Борче Грозданов: За насушната потреба - животот
Иван Додовски: Пожар и нежност
Лилјана Мазова: На работ на спознајната (не)извесност
Цветанка Зојчевска: Поетика и манипулација
Цветанка Зојчевска: Изгубена комуникација
Цветанка Зојчевска: Во Битолски театар се бранеше честа
Илија Упалевски: Без режисерски концепт и актерско остварување
Илија Упалевски: Интертекстуалноста - стапица за актерската екипа
Цветанка Зојчевска: Аста ла виста Слободо
Илија Упалевски: Естетскиот крик како жртва на детаљот
Борче Грозданов: Тимон ги разбуди сетилата
Борче Грозданов: Се видовме во шекспировото огледало
Емилија Матаничкова: Нови барања и потреби на театарот
Цветанка Зојчевска: Одамна е се прочитано, ништо не е сменето
Ердоан Максут: Претстава од соништата со три принципи
Илија Упалевски: Пот и „недоразбирања“
Илија Упалевски: За моќта и за нејзините жртви
Анета Јанчевска: Оригинален перформанс на живи тела и енергии
Илија Упалевски: Просечна комедија и изморен хумор
Лилјана Мазова: Знаци на заедништво меѓу актерите и публиката
Наташа Бунтеска: „Женидба“ - претстава што ветува
Тодор Кузманов: Подзаборавениот Островски
Анета Јанчевска: Ние во огледалото на Гогољ
Панде Манојлов: „Женидба“ на ниво
Тодор Кузманов: Модерна постановка
Наташа Бунтеска: Експеримент кој ја нагласува севременоста на темата Хамлет
Борче Грозданов: Хамлет е и ова - ДА!
Анета Јанчевска: Театар кој се доживува
Тодор Кузманов: Хамлет за почетници
Борче Грозданов: Една поинаква слика на потрагата по коренот
Цветанка Зојчевска: Чудото на Цветановски
Борче Грозданов: Шекспир и Јонеско како опомена
Цветанка Зојчевска: Моќта како гротеска
Лилјана Мазова: Јазол во кој е жртвувана актерската енергија
Лилјана Мазова: Принципот еднаков - претставите различни
Цветанка Зојчевска: Сакајте си ја вагината
Борче Грозданов: Свирачот... не крена на нозе
Лилјана Мазова: Емотивна приказна со збор, музика и игра
Борче Грозданов: Катастрофален филм
Цветанка Зојчевска: Навредливо лошо
Александра Бошковска: Разидување меѓу текстот и режисерскиот концепт
Лилјана Мазова: Црна пасија за црната чума
Лилјана Мазова: Низ лавиринтот на животот
Лилјана Мазова: Зошто свињите не летаат?
Александра Бошковска: Сосема обична претстава
Александра Бошковска: Композиција со добри актерски остварувања
Лилјана Мазова: „Медеја“ во народниот театар во Битола: Крик против рамнодушноста
Лилјана Мазова: Моќна приказна за борбата против злото

______________________________________________________

Ердоан Максут: Претстава од соништата со три принципи

Претставата „Тимон од Атина“ во копродукција на Битолски театар, Турски театар и Лабораторио Нове од Фиренца, кој неодамна беше прикажан и на МОТ, бездруго е за поздравување не само поради соработката на двата театри од Македонија со театарот од Италија.
Видовме претстава што, од самиот почеток до крајот, во целост го презема гледачот и буквално го води низ и во дејството. Во просторот на претставата се влегува неконвенционално - од бифето низ тесно отворена врата, каде што актерот Петар Горко од Битолскиот театар, броејќи ве пропушта и ви посочува да седнете во еден КОНТЕЈНЕР, кој собира точно 12 возрасни луѓе. Кога сте меѓу првите гледачи и во првиот контејнер не можете со сигурност да знаете колку такви контејнери има зад вас и дали воопшто има други гледачи освен овие 11-мина во вашиот контејнер. Сето ова ве потсетува на сцените од филмовите за Втората светска војна, кога фашистите ги внесуваат Евреите и другите затвореници во камиони или вагони, кои откако ќе се преполнат, тргнуваат во неизвесност и во непознат правец и за самите „патници“. Така и ние, гледачите, не знаеме каде точно сме седнале и од моментот кога контејнерите се придвижија во непозната насока (се разбира, непозната само за нас гледачите, бидејќи контејнерите беа туркани од актерите, кои многу добро знаеја каде ќе не однесат) бевме во исчекување што ќе се случи и каде не „возат“. Тоа чувство ве држи се додека во еден момент, некаде во средината на претставата, така возејќи не ве стават во непосредна близина со уште други два идентични контејнери. Тогаш почнувате да сфаќате дека до тој момент претставата е триплицирана и дека во исто време симултано се одвива на три различни места во просторот со три различни актерски поделби.
Веднаш си помислувате дека ќе треба уште два пати да дојдете за да ја проследите претставата и од другите два контејнери и да ја доживеете во целост за да можете да почувствувате дека сте ја изгледале во целост. Интересно е што актерите не останале само на своите јазични говорни подрачја, туку дека повторно се појавува тројството, така што сите актери зборуваат текстови на сите три јазици, се пеат песни на сите три јазици, мошне солидно, и ако не ги познавате добро актерите, со сигурност нема да знаете кој е од Македонија, а кој од Италија.
Песните, секако, беа делот од претставата што најмногу ја плени публиката. Кога се зборуваат текстови на италијански, на турски, па и на македонски, актерите користат табли со испишани текстови на македонски јазик, така што вниманието на гледачот е поделено и често, читајќи ги таблите, не можете да го следите актерското дејство на сцената. Од друга страна, пак, пред вас, околу вас, под вас и над вас се случуваат толку многу дејства што понекогаш не знаете на која страна да го следите дејството. Режисерот Бранко Брезовац претставата ја гради така што ги користи сите можни и невозможни простори, актерите се појавуваат од најразлични позиции и места. Некогаш се пред вас, некогаш се толку блиску до вас што во буквална смисла на зборот можете да ја почувствувате нивната пот и нивниот здив, понекогаш се појавуваат во вистинска смисла на зборот помеѓу вашите нозе, изникнуваат од подот или се појавуваат од над вашите глави, седат помеѓу вас, или ви седат во скут, значи се чувствувате како да сте влегле во еден нестварен свет, свет на сонови, во кој и материјално и духовно вие сте нераскинлив и неодминлив дел.
Во претставата се има три принципи. Три различни начини на актерска игра - италијанските актери играа на воздржан начин со дистанца така што на крајот на претставата воопшто не беа истоштени, што не би можело да се каже и за актерите од битолскиот и од турскиот театар.
Некои од актерите од Битолскиот (Соња Михајлова, Иван Јерчиќ, Сузана Брезовац) и од Турскиот театар (Салаетин Билал) играа со одредена дистанца, но со внесување поприлична доза емоции и внатрешни дејства во играта. Трет принцип практикуваа Атила Клинче, Селпин Керим и Елјеса Касо, кај кои доминираа внатрешните дејства со преголема доза емоции и емотивни состојби, така што во голем дел од својата игра беа задушувани од сопствените емоции и грлени говорења, што навистина пречеше во следењето на тоа што го зборуваат. Уште во почетокот на претставата тие беа облеани со пот, а на крајот изгледаа како да се излезени од под туш.
Сценографијата на Јане Чаловски, ако „контејнерите“ се сметаат за сценографија, а во случајов навистина беа, си ја извршија основната задача да не одвезат таму каде што треба.
Костимите на Благој Мицевски беа во потполна функција со она што го видовме како сценски продукт.

Време, 19.10.2005