ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Народен театар - Битола

Народен театар - Битола

Борче Грозданов: За насушната потреба - животот
Иван Додовски: Пожар и нежност
Лилјана Мазова: На работ на спознајната (не)извесност
Цветанка Зојчевска: Поетика и манипулација
Цветанка Зојчевска: Изгубена комуникација
Цветанка Зојчевска: Во Битолски театар се бранеше честа
Илија Упалевски: Без режисерски концепт и актерско остварување
Илија Упалевски: Интертекстуалноста - стапица за актерската екипа
Цветанка Зојчевска: Аста ла виста Слободо
Илија Упалевски: Естетскиот крик како жртва на детаљот
Борче Грозданов: Тимон ги разбуди сетилата
Борче Грозданов: Се видовме во шекспировото огледало
Емилија Матаничкова: Нови барања и потреби на театарот
Цветанка Зојчевска: Одамна е се прочитано, ништо не е сменето
Ердоан Максут: Претстава од соништата со три принципи
Илија Упалевски: Пот и „недоразбирања“
Илија Упалевски: За моќта и за нејзините жртви
Анета Јанчевска: Оригинален перформанс на живи тела и енергии
Илија Упалевски: Просечна комедија и изморен хумор
Лилјана Мазова: Знаци на заедништво меѓу актерите и публиката
Наташа Бунтеска: „Женидба“ - претстава што ветува
Тодор Кузманов: Подзаборавениот Островски
Анета Јанчевска: Ние во огледалото на Гогољ
Панде Манојлов: „Женидба“ на ниво
Тодор Кузманов: Модерна постановка
Наташа Бунтеска: Експеримент кој ја нагласува севременоста на темата Хамлет
Борче Грозданов: Хамлет е и ова - ДА!
Анета Јанчевска: Театар кој се доживува
Тодор Кузманов: Хамлет за почетници
Борче Грозданов: Една поинаква слика на потрагата по коренот
Цветанка Зојчевска: Чудото на Цветановски
Борче Грозданов: Шекспир и Јонеско како опомена
Цветанка Зојчевска: Моќта како гротеска
Лилјана Мазова: Јазол во кој е жртвувана актерската енергија
Лилјана Мазова: Принципот еднаков - претставите различни
Цветанка Зојчевска: Сакајте си ја вагината
Борче Грозданов: Свирачот... не крена на нозе
Лилјана Мазова: Емотивна приказна со збор, музика и игра
Борче Грозданов: Катастрофален филм
Цветанка Зојчевска: Навредливо лошо
Александра Бошковска: Разидување меѓу текстот и режисерскиот концепт
Лилјана Мазова: Црна пасија за црната чума
Лилјана Мазова: Низ лавиринтот на животот
Лилјана Мазова: Зошто свињите не летаат?
Александра Бошковска: Сосема обична претстава
Александра Бошковска: Композиција со добри актерски остварувања
Лилјана Мазова: „Медеја“ во народниот театар во Битола: Крик против рамнодушноста
Лилјана Мазова: Моќна приказна за борбата против злото

______________________________________________________

Цветанка Зојчевска: Одамна е се прочитано, ништо не е сменето

(Бранко Брезовац шокира со „Тимон Атињанинот“)
Цветанка Зојчевска
Режисерот Бранко Брезовец отсекогаш бил радикален во правењето на претстави, модерен по израз, оттаму и со многу контроверзни реакции кај оние што го консумираат.
Режисерот Бранко Брезовец отсекогаш бил радикален во правењето на претстави, модерен по израз, оттаму и со многу контроверзни реакции кај оние што го консумираат.
Бреза го постави и Шекспир со „Тимон Атињанинот“, ангажира во него да играат глумци кои се од различни нации: Италијани од театар од Фиренца, Македонци од Битолски театар и Турци од Турскиот театар од Скопје, и направи бум. „Тимон...“ на Бреза е претстава која шокира: со играта на глумците кои се и акробати, и пејачи кои малку рапуваат, малку пејат нешто како коанцони, па влегуваат и во македонски мелос, а и глумат, и по тоа што во оваа претстава игра и публиката. Брезовец ја става во контејнери, како дел од народот, оној кој го предаде Тимон и си ја зезна државата. И конечно претставата шокира по концептот на читањето на Шекспир. Брезовац Шекпировиот текст го чита од дистанца, глумците текстот го покажуваат испишан на картони, како транспаренти. Поттекстот што се сака да се каже со ова е дека се е прочитано, и Шекспир, ама пак истите нешта се повторуваат, лекцијата никако да ја научиме. Окружувањето во кое се случуваат нештата е многу препознатливо: лицемерие, лаги, подмитувања, рекети, златољубие, а најмодерната работа е да не го исполнише ветеното. Сликата со рамка е полна и со неблагородни луѓе, со арамии, своевидни, луѓе кои меѓусебе се јадат како волци. Еден општ хаос на една оптествена целина составена од повеќе националности. На сето ова може и да се стави коентар: какви сте луѓе не ја заслужувате државата, како што е и приказната за Тимон Атиљанинот кој живее опкружен со подлизурковци кои тој добро и дебело ги наградува. Ама кога ќе ја види неблагодарноста на блиските, си заминува во пештера, Атина ја преземаат некои други. Тимон сеирџиски им праќа порака: „Обесете се“. Жанровски овој проект би можел да се смести во оперета, а авторот на музиката Марјан Нечак е страва од добар.

Вест, 06.10.2005