ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Народен театар - Битола

Народен театар - Битола

Борче Грозданов: За насушната потреба - животот
Иван Додовски: Пожар и нежност
Лилјана Мазова: На работ на спознајната (не)извесност
Цветанка Зојчевска: Поетика и манипулација
Цветанка Зојчевска: Изгубена комуникација
Цветанка Зојчевска: Во Битолски театар се бранеше честа
Илија Упалевски: Без режисерски концепт и актерско остварување
Илија Упалевски: Интертекстуалноста - стапица за актерската екипа
Цветанка Зојчевска: Аста ла виста Слободо
Илија Упалевски: Естетскиот крик како жртва на детаљот
Борче Грозданов: Тимон ги разбуди сетилата
Борче Грозданов: Се видовме во шекспировото огледало
Емилија Матаничкова: Нови барања и потреби на театарот
Цветанка Зојчевска: Одамна е се прочитано, ништо не е сменето
Ердоан Максут: Претстава од соништата со три принципи
Илија Упалевски: Пот и „недоразбирања“
Илија Упалевски: За моќта и за нејзините жртви
Анета Јанчевска: Оригинален перформанс на живи тела и енергии
Илија Упалевски: Просечна комедија и изморен хумор
Лилјана Мазова: Знаци на заедништво меѓу актерите и публиката
Наташа Бунтеска: „Женидба“ - претстава што ветува
Тодор Кузманов: Подзаборавениот Островски
Анета Јанчевска: Ние во огледалото на Гогољ
Панде Манојлов: „Женидба“ на ниво
Тодор Кузманов: Модерна постановка
Наташа Бунтеска: Експеримент кој ја нагласува севременоста на темата Хамлет
Борче Грозданов: Хамлет е и ова - ДА!
Анета Јанчевска: Театар кој се доживува
Тодор Кузманов: Хамлет за почетници
Борче Грозданов: Една поинаква слика на потрагата по коренот
Цветанка Зојчевска: Чудото на Цветановски
Борче Грозданов: Шекспир и Јонеско како опомена
Цветанка Зојчевска: Моќта како гротеска
Лилјана Мазова: Јазол во кој е жртвувана актерската енергија
Лилјана Мазова: Принципот еднаков - претставите различни
Цветанка Зојчевска: Сакајте си ја вагината
Борче Грозданов: Свирачот... не крена на нозе
Лилјана Мазова: Емотивна приказна со збор, музика и игра
Борче Грозданов: Катастрофален филм
Цветанка Зојчевска: Навредливо лошо
Александра Бошковска: Разидување меѓу текстот и режисерскиот концепт
Лилјана Мазова: Црна пасија за црната чума
Лилјана Мазова: Низ лавиринтот на животот
Лилјана Мазова: Зошто свињите не летаат?
Александра Бошковска: Сосема обична претстава
Александра Бошковска: Композиција со добри актерски остварувања
Лилјана Мазова: „Медеја“ во народниот театар во Битола: Крик против рамнодушноста
Лилјана Мазова: Моќна приказна за борбата против злото

______________________________________________________

Емилија Матаничкова: Нови барања и потреби на театарот

Кон претставата „Тимон од Атена“ на Бранко Брезовац, во продукција на Турскиот театар од Скопје, Битолскиот театар и Лабораторио нове Фиренца од Италија, одржана на фестивалот „Охридско лето“
Емилија Матаничкова
Во рамките на Охридско лето, уметничка манифестација што важи за една од најпрестижните, се случи претстава по која, најверојатно, ќе се памети театарскиот дел од целата програма. Со оваа претстава Охридско лето понуди вистинска несекојдневна, некласично репертоарска претстава, понуди поинаков театарски поглед, општо возбудлив за секој гледач, интригантен како за странската, туристичка публика така и за македонските театарџии. И уште повеќе: интригантен и за полето на севкупната театарската естетика.
Во синопсисот на текстот, земен од драмата иТимон од Атенааи на Вилијам Шекспир, е запишано дека Тимон е опкружен со додворување на своите најблиски пријатели, при што нивната наклонетост тој ја плаќа на невообичаен начин: со премногу скапи дарови. Согледувајќи ја нивната неблагодарност, заминува да живее сосема сам во пештера, преколнувајќи го градот. Затоа, случајно наоѓајќи богатство во шумата, го дарува војсководецот Алкибијад да ја плати војската, со која овој тргнува да ја уништи Атина. Атинските сенатори ќе го повикат Тимон да му помогне на градот загрозен од  Алкибијад, но им се исмева нудејќи им го дрвото покрај неговата пештера да се обесат. Преку трите мани на протагонистот: расипаност, суета и лакомост, постановката има намера да ги стави во контекст на политичка(та) реалност.
Како продолжение на оваа би додале дека во постановката присутен е принципот на давање- земање; односно, дарувањето како уметнички чин се поклопува со често употребуваната реплика: ти давам бисер.
Уметничката презентација на Брезовац беше сместена во хол на едно училиште. Уште на почеток, ограничениот број на присутни гледачи на претставата можеби даде некое наговестување дека ќе следи театарска невообичаеност. И, првата видлива новост беше поставувањето на гледачите во три подвижни т.н контејнери, со што публиката имаше улога на сценографија. Идејата за движење на контејнерите е на Брезовац заедно со неговиот долгогодишен соработник Тихомир Миловац.Придвижувањата и поставувањата на трите контејнери од страна на актерите (во улога на сценски работници) ја разбиваа класичната барокна сцена, која само во некои моменти од заедничка хоризонтална положба и во форма на триаголник ја правеа класичнаста сцена-кутија. Различната местоположба на контејнерите, односно различните насоки на возење на гледачите сместени во првиот, вториот и во третиот контејнер им даваа различен агол на гледање, различен преглед, различен дел - сцена, различни актери, со различни реплики. И цело време гледачот ги слуша шумовите, гласовите и звуците од останатите две(мини)сцени. Брезовац бара/нуди големо внимание од гледачот, кој што цело време е бомбардиран од брза и истовремено различна емотивност и интелектуалност, на пример: кога над тебе виси актерот кој игра состојба на напнатост, агресивност и зборува во стих етички начела, во истиот момент гледачот е во допир или е во близина на неговото тело, од кое се шири парфем. Во таквата перцептивна, со се допирна конфузност гледачот се прашува: што сакаш да ми кажеш? Тој нема многу време да ги прими сите информации добиени преку слух, а веројатно има поголемо внимание кога му се случува допир , со што релацијата актер-гладач може да се чита и како склоп или подударност на тематската преокупација; не велам комуникација затоа што секој гледач има различен психолошки хабитус и може, на пример, да му е грозно/неудобно/возбудливо од нечиј допир (гладачот пред мене, во момент кога до него доаѓаше актер, секогаш се навалуваше наназад тргнувајќи од него, но тогаш страдаа моите колена). Оттука се наметнуваат прашањата: дали играта на актерите кон публиката покажува и прави суровост и наметливост, што е во контекст на драматуршкото-тематско и дали со постапките на телесноста треба посебно да се следи еротизмот и дали со релацијата актер - гледач гледаме интерактивен перформанс, а не претстава? Постбрехтовски перформанс; со кој се произведува реалноста. Брезовац поставува едно актерско тело да не дефинира/карактеризира еден лик туку повеќе актери да покажуваат еден лик, на пр.Тимон. И, на оваа ако ја додадеме нелинеарната перцептибилност на гледачот, односно неговата распарченост, гледаме дека го деконструира и (ликот на) гледачот.
Целиот драматуршко-режисерски дел е составен од написи на табли, песни и говор. Во повеќе сегменти бројот три добива нова значенска симболичност: три контејнера, а со тоа и три сцени, три јазици кои може да се согледуваат и од денешен културолошки аспкет, но и од митската вавилонска неразбрирливост која е во фукција на третираните мани во драмата. Постановката на Брезовац е свесно антимедијски поставена.Сето време има стеснетост на просторот, има состојба на тензија и на очекување од тоа што може да (ти) се случи.
Може да ти на дојде на ум прашањето: што би му се случило на гледач кој е слеп и оттаму да видиме што прима по аудитивен канал.
Оваа постдрамско дело бара нележерно мислење, нуди активно промислување.

Утрински весник, 13.08.2005