ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Народен театар - Битола

Народен театар - Битола

Борче Грозданов: За насушната потреба - животот
Иван Додовски: Пожар и нежност
Лилјана Мазова: На работ на спознајната (не)извесност
Цветанка Зојчевска: Поетика и манипулација
Цветанка Зојчевска: Изгубена комуникација
Цветанка Зојчевска: Во Битолски театар се бранеше честа
Илија Упалевски: Без режисерски концепт и актерско остварување
Илија Упалевски: Интертекстуалноста - стапица за актерската екипа
Цветанка Зојчевска: Аста ла виста Слободо
Илија Упалевски: Естетскиот крик како жртва на детаљот
Борче Грозданов: Тимон ги разбуди сетилата
Борче Грозданов: Се видовме во шекспировото огледало
Емилија Матаничкова: Нови барања и потреби на театарот
Цветанка Зојчевска: Одамна е се прочитано, ништо не е сменето
Ердоан Максут: Претстава од соништата со три принципи
Илија Упалевски: Пот и „недоразбирања“
Илија Упалевски: За моќта и за нејзините жртви
Анета Јанчевска: Оригинален перформанс на живи тела и енергии
Илија Упалевски: Просечна комедија и изморен хумор
Лилјана Мазова: Знаци на заедништво меѓу актерите и публиката
Наташа Бунтеска: „Женидба“ - претстава што ветува
Тодор Кузманов: Подзаборавениот Островски
Анета Јанчевска: Ние во огледалото на Гогољ
Панде Манојлов: „Женидба“ на ниво
Тодор Кузманов: Модерна постановка
Наташа Бунтеска: Експеримент кој ја нагласува севременоста на темата Хамлет
Борче Грозданов: Хамлет е и ова - ДА!
Анета Јанчевска: Театар кој се доживува
Тодор Кузманов: Хамлет за почетници
Борче Грозданов: Една поинаква слика на потрагата по коренот
Цветанка Зојчевска: Чудото на Цветановски
Борче Грозданов: Шекспир и Јонеско како опомена
Цветанка Зојчевска: Моќта како гротеска
Лилјана Мазова: Јазол во кој е жртвувана актерската енергија
Лилјана Мазова: Принципот еднаков - претставите различни
Цветанка Зојчевска: Сакајте си ја вагината
Борче Грозданов: Свирачот... не крена на нозе
Лилјана Мазова: Емотивна приказна со збор, музика и игра
Борче Грозданов: Катастрофален филм
Цветанка Зојчевска: Навредливо лошо
Александра Бошковска: Разидување меѓу текстот и режисерскиот концепт
Лилјана Мазова: Црна пасија за црната чума
Лилјана Мазова: Низ лавиринтот на животот
Лилјана Мазова: Зошто свињите не летаат?
Александра Бошковска: Сосема обична претстава
Александра Бошковска: Композиција со добри актерски остварувања
Лилјана Мазова: „Медеја“ во народниот театар во Битола: Крик против рамнодушноста
Лилјана Мазова: Моќна приказна за борбата против злото

______________________________________________________

Борче Грозданов: Се видовме во шекспировото огледало

(Се видовме во шекспировото огледало) За власта, бескрупулозноста, денешнината...
Борче Грозданов
„РИЧАРД ТРЕТИ“ ОД ВИЛИЈАМ ШЕКСПИР; РЕЖИЈА ЉУБИША ГЕОРГИЕВСКИ; ПРОДУКЦИЈА НТ БИТОЛА; ИЗВЕДБА НА „ОХРИДСКО ЛЕТО“

Власта, како една од највисоките инстанци на моќ, е категорија поради која најчесто не се избираат средства и со која се достигнува врв на суетата. Во ваква констелација на односи, токму таа,  Власта, е целта поради која се оправдуваат сите средства, без разлика колку се тие бескрупулозни. Оваа стара приказна, која стои и се размавнува низ историјата и е инспирација на многу творци, неодминливо е присутна и во делата на еден од најголемите поети и драматурзи во историјата на театарот, Вилијам Шекспир. Неговиот „Ричард Трети“ е синоним за се она што го прави човекот нечовек, што умот го води во безумие, монструозноста е единствениот репер по кој се води деспотот и диктаторот. За него ниту мајката е мајка, ниту браќата се браќа. Тие се само пречки на патот кон крваво заработената иднина, кралскиот престол.  
Инспирацијата за сценската постановка, барајќи спој со денешнината, доживеа успешна реализација во предворјето на „Света Софија“ во Охрид, за што најдиректно беа „виновни“ Народниот театар од Битола и режисерската палка на Љубиша Георгиевски. Класиката од перото на Шекспир тој ја предава верно, со силна, разбирлива реч и со точна и прецизна мизансценска назнака. Тоа би значело дека во ниеден момент не беше нејасно што гледаме на сцената. А, го видовме оживотворено делото на Шекспир, „Ричард Трети“, видовме актери (речиси целиот битолски ансамбл) кои точно ја одразуваа режисеровата идеја. Видовме огледало кое може да биде и прекршено и искривено, но низ призмата на вековите неодоливо да потсетува на нас, овде и сега. Имавме можност да го видиме идиотски окрвавениот, подгрбавен Ричард Трети во одлична креација на Петар Мирчевски, а во позадина да не се одминеме ни ние самите. Видовме ликови - актери кои ја „отсликаа“ марионетската улога на човекот во однос на историјата и власта. Не беше безначајна ниту правата линија зацрвенета, по која се одвиваше и движеше дејствието. Можеби во актерска смисла имаше и по некои изнасилени движења, дури и превисоки тонови од некои актери, но кога се ќе се собере и одземе, екипата од „Ричард Трети“, сосема совесно и коректно си ја одработи својата работа. Во секој случај видовме еден, можеби, малку временски подолг театарски проект, кој докажа дека и класичното знае и може да биде убаво споено со денешнината.

Вечер, 08.08.2005