ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Народен театар - Битола

Народен театар - Битола

Борче Грозданов: За насушната потреба - животот
Иван Додовски: Пожар и нежност
Лилјана Мазова: На работ на спознајната (не)извесност
Цветанка Зојчевска: Поетика и манипулација
Цветанка Зојчевска: Изгубена комуникација
Цветанка Зојчевска: Во Битолски театар се бранеше честа
Илија Упалевски: Без режисерски концепт и актерско остварување
Илија Упалевски: Интертекстуалноста - стапица за актерската екипа
Цветанка Зојчевска: Аста ла виста Слободо
Илија Упалевски: Естетскиот крик како жртва на детаљот
Борче Грозданов: Тимон ги разбуди сетилата
Борче Грозданов: Се видовме во шекспировото огледало
Емилија Матаничкова: Нови барања и потреби на театарот
Цветанка Зојчевска: Одамна е се прочитано, ништо не е сменето
Ердоан Максут: Претстава од соништата со три принципи
Илија Упалевски: Пот и „недоразбирања“
Илија Упалевски: За моќта и за нејзините жртви
Анета Јанчевска: Оригинален перформанс на живи тела и енергии
Илија Упалевски: Просечна комедија и изморен хумор
Лилјана Мазова: Знаци на заедништво меѓу актерите и публиката
Наташа Бунтеска: „Женидба“ - претстава што ветува
Тодор Кузманов: Подзаборавениот Островски
Анета Јанчевска: Ние во огледалото на Гогољ
Панде Манојлов: „Женидба“ на ниво
Тодор Кузманов: Модерна постановка
Наташа Бунтеска: Експеримент кој ја нагласува севременоста на темата Хамлет
Борче Грозданов: Хамлет е и ова - ДА!
Анета Јанчевска: Театар кој се доживува
Тодор Кузманов: Хамлет за почетници
Борче Грозданов: Една поинаква слика на потрагата по коренот
Цветанка Зојчевска: Чудото на Цветановски
Борче Грозданов: Шекспир и Јонеско како опомена
Цветанка Зојчевска: Моќта како гротеска
Лилјана Мазова: Јазол во кој е жртвувана актерската енергија
Лилјана Мазова: Принципот еднаков - претставите различни
Цветанка Зојчевска: Сакајте си ја вагината
Борче Грозданов: Свирачот... не крена на нозе
Лилјана Мазова: Емотивна приказна со збор, музика и игра
Борче Грозданов: Катастрофален филм
Цветанка Зојчевска: Навредливо лошо
Александра Бошковска: Разидување меѓу текстот и режисерскиот концепт
Лилјана Мазова: Црна пасија за црната чума
Лилјана Мазова: Низ лавиринтот на животот
Лилјана Мазова: Зошто свињите не летаат?
Александра Бошковска: Сосема обична претстава
Александра Бошковска: Композиција со добри актерски остварувања
Лилјана Мазова: „Медеја“ во народниот театар во Битола: Крик против рамнодушноста
Лилјана Мазова: Моќна приказна за борбата против злото

______________________________________________________

Борче Грозданов: Тимон ги разбуди сетилата

ЗА „ТИМОН АТИЊАНИНОТ“ ОД ВИЛИЈАМ ШЕКСПИР; РЕЖИЈА БРАНКО БРЕЗОВАЦ; МАКЕДОНСКО-ИТАЛИЈАНСКА КОПРОДУКЦИЈА; ПРЕМИЕРА НА „ОХРИДСКО ЛЕТО 2005“
Борче Грозданов
Жестоко, со атак на сите сетила, беспоштедна битка во просторот, за очите на гледачот, тотален театар, чисто Брехтовска постановка. Ова се впечатоците што ги остави претставата „Тимон Атињанинот“ од Вилијам Шекспир, во режија на Бранко Брезовац, копродукциски проект на НТ од Битола и Турски театар, Македонија и Лабораторија Нове од Фиренца, Италија. Клаустрофобичната поставеност на сцената - гледалиште, која во играта се трансформираше од отворена до стеснета, квадратна, на која и пред која се случуваше се што вклучува Шекспировата пиеса: расипништвото, наследството, парољубието, крвта, одмаздата, омразата... Актерите и буквално напаѓаа од секаде: од страна, навлегувајќи ни во просторот, директно втурнувајќи ни се в лице, опоменувајќи не со пишани памфлети, раскажувајќи ни, описменувајќи не... Таков жесток театар одамна не е поставен во Македонија. Преку експериментот, тој е на границата меѓу модерното - постмодерното, но и класичното - вербалното.  
Интересниот простор во училиштето „Свети Климент Охридски“, лоцирано во близината на црквата „Света Богородица Перивлепта“, беше тотално искористен. Тој простор за едукација беше претворен во мегдан на театарскиот вител со збор и многу употреба на физикусот што, вусшност, е главна одлика на речиси сите постановки на режисерот Брезовац. Подвижното гледалиште кое ротира и се приближува единствено со помош на силата на актерот, ја потврди идејата дека театарот може да го има и да се игра насекаде. Јазичната комбинација која дозволуваше подеднакво успешно и разбирливо да прозвучат и македонскиот и италијанскиот и турскиот, изговорени, без исклучок, одлично од сите петнаесет актери, докажа дека јазична бариера во чистиот театарски простор и време  - нема.  
Во постановката на Брезовац, фестивалска, охридска, ги видовме сите елементи што ја чинат севкупноста на театарот - збор, движење, тишина - светот како сцена! Таквиот „Тимон Атињанин“ навистина претставуваше вистинско уживање!    

Вечер, 25.08.2005