ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Народен театар - Битола

Народен театар - Битола

Борче Грозданов: За насушната потреба - животот
Иван Додовски: Пожар и нежност
Лилјана Мазова: На работ на спознајната (не)извесност
Цветанка Зојчевска: Поетика и манипулација
Цветанка Зојчевска: Изгубена комуникација
Цветанка Зојчевска: Во Битолски театар се бранеше честа
Илија Упалевски: Без режисерски концепт и актерско остварување
Илија Упалевски: Интертекстуалноста - стапица за актерската екипа
Цветанка Зојчевска: Аста ла виста Слободо
Илија Упалевски: Естетскиот крик како жртва на детаљот
Борче Грозданов: Тимон ги разбуди сетилата
Борче Грозданов: Се видовме во шекспировото огледало
Емилија Матаничкова: Нови барања и потреби на театарот
Цветанка Зојчевска: Одамна е се прочитано, ништо не е сменето
Ердоан Максут: Претстава од соништата со три принципи
Илија Упалевски: Пот и „недоразбирања“
Илија Упалевски: За моќта и за нејзините жртви
Анета Јанчевска: Оригинален перформанс на живи тела и енергии
Илија Упалевски: Просечна комедија и изморен хумор
Лилјана Мазова: Знаци на заедништво меѓу актерите и публиката
Наташа Бунтеска: „Женидба“ - претстава што ветува
Тодор Кузманов: Подзаборавениот Островски
Анета Јанчевска: Ние во огледалото на Гогољ
Панде Манојлов: „Женидба“ на ниво
Тодор Кузманов: Модерна постановка
Наташа Бунтеска: Експеримент кој ја нагласува севременоста на темата Хамлет
Борче Грозданов: Хамлет е и ова - ДА!
Анета Јанчевска: Театар кој се доживува
Тодор Кузманов: Хамлет за почетници
Борче Грозданов: Една поинаква слика на потрагата по коренот
Цветанка Зојчевска: Чудото на Цветановски
Борче Грозданов: Шекспир и Јонеско како опомена
Цветанка Зојчевска: Моќта како гротеска
Лилјана Мазова: Јазол во кој е жртвувана актерската енергија
Лилјана Мазова: Принципот еднаков - претставите различни
Цветанка Зојчевска: Сакајте си ја вагината
Борче Грозданов: Свирачот... не крена на нозе
Лилјана Мазова: Емотивна приказна со збор, музика и игра
Борче Грозданов: Катастрофален филм
Цветанка Зојчевска: Навредливо лошо
Александра Бошковска: Разидување меѓу текстот и режисерскиот концепт
Лилјана Мазова: Црна пасија за црната чума
Лилјана Мазова: Низ лавиринтот на животот
Лилјана Мазова: Зошто свињите не летаат?
Александра Бошковска: Сосема обична претстава
Александра Бошковска: Композиција со добри актерски остварувања
Лилјана Мазова: „Медеја“ во народниот театар во Битола: Крик против рамнодушноста
Лилјана Мазова: Моќна приказна за борбата против злото

______________________________________________________

Илија Упалевски: Естетскиот крик како жртва на детаљот

„Духот на слободата“ е драмски текст на два автора (едночинка на Чернодрински од 1905 година, дополнета со два дела - коментара на Горан Стефановски), а претстава на тројца режисери: Мартин Кочовски, Дејан Пројковски и Деан Дамјановски.
Илија Упалевски
Првиот дел, едночинката на Чернодрински, ја постави Мартин Кочовски. Со својата режија тој успеа во толкувачката свест на гледачот да изгради сериозна основа за „читање“ на следните варијации на основниот проблем на претставата: која е мојата претстава за слободата, каде е нејзиното место во мојот живот. Тоа е повеќе од неопходно за одржување не само на значенската логика на коментарите на Стефановски (што ќе следат), туку и на сложениот концепт на кој се решиле тројцата режисери (трите дела да прават една обединувачка целина). Со коректни сценски движења и прецизни паузи Кочовски речиси беспрекорно (ако не се земат предвид некои препознатливи и чести актерски импровизации) ги воведува сите ликови и ја илустрира клучната дилема што ја заокружува оваа едночинка. Тоа е дилемата на Маноил (Огнен Дранговски): да се реализирам себеси како сопруг пред очите на моето семејство и да го победам законот на таткото или да се реализирам себеси како борец пред судот на мојот народ; да се изборам сам за сопствената слобода или да чекам друг да го направи тоа во мое име?

Вториот дел, првиот коментар на Стефановски сместен во денешно време, му припадна на препознатливата и провокативна режисерка визија на Дејан Пројковски. Овде се трансформира претставата за слободата, а дилемата на Маноил добива нов контекст. На претставата за Америка, како утопистички концепт за иднината, Пројковски иронично ја спротивставува претставата за Југославија (поранешната држава), како утопистички концепт повикан од минатото. На сликата за американскиот сон и се спротивставува сликата за среднокласно, носталгичарско македонско семејство. Во гротескниот свет на Пројковски сцената станува регистар на стереотипни претстави за нашиот национален и културен идентитет. Оваа постапка се чини подеднакво оправдана колку и ризична. Зашто, од една страна, со неа сигурно се обезбедува популарност кај оној дел од публиката што ужива на сцената да ги препознава сопствените предрасуди и стереотипи, но и сомнеж кај еден друг дел, кој сака да види нешто повеќе од веќе утврдени (скоро потрошени) претстави за себе.

Финалната визија на Стефановски, претставата за слободата во иднината, ја постави Деан Дамјановски. Неговата режија, во третиот дел, се движи блиску до ознаките на текстот и до атмосферата во која егзистираат ликовите во него. На тој начин Дамјановски создава прецизна и јасна театарска слика на една декадентна, ако не и претерано индивидуална визија за светот каква што нуди Стефановски. Во неговите проекции за иднината, правото на избор не постои, дилемите се избришани, а светот функционира како шпанска серија.

На актерски план, од рутинската игра на предвидливиот кастинг за кој се одлучиле режисерите, се издвојуваат две имиња: Мартин Мирчевски (слугата Тодор), актер што постојано го одржува контактот со публиката и го повикува нејзиното внимание, и Огнен Дранговски, кој не само што покажува најцврст став на сцената кон тоа што го игра, туку и најпрецизно ги одредил психолошките координати на својот лик.

„Духот на слободата“ е интересен естетски крик и, сигурно, отстапка од просечната 2005 година на Народниот театар од Битола, но и претстава во која целината е жртва на детаљот и на товарот на различните режисерски потписи. За да се обезбеди целина, не е доволно само да се маркираат местата што ќе упатат на логика и смисла, туку Е потребно и да се контролира сопствената индивидуалност. Во секој случај, „Духот на слободата“ е претстава вредна за соочување.

Дневник, 12.07.2005г.