ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Народен театар - Битола

Народен театар - Битола

Борче Грозданов: За насушната потреба - животот
Иван Додовски: Пожар и нежност
Лилјана Мазова: На работ на спознајната (не)извесност
Цветанка Зојчевска: Поетика и манипулација
Цветанка Зојчевска: Изгубена комуникација
Цветанка Зојчевска: Во Битолски театар се бранеше честа
Илија Упалевски: Без режисерски концепт и актерско остварување
Илија Упалевски: Интертекстуалноста - стапица за актерската екипа
Цветанка Зојчевска: Аста ла виста Слободо
Илија Упалевски: Естетскиот крик како жртва на детаљот
Борче Грозданов: Тимон ги разбуди сетилата
Борче Грозданов: Се видовме во шекспировото огледало
Емилија Матаничкова: Нови барања и потреби на театарот
Цветанка Зојчевска: Одамна е се прочитано, ништо не е сменето
Ердоан Максут: Претстава од соништата со три принципи
Илија Упалевски: Пот и „недоразбирања“
Илија Упалевски: За моќта и за нејзините жртви
Анета Јанчевска: Оригинален перформанс на живи тела и енергии
Илија Упалевски: Просечна комедија и изморен хумор
Лилјана Мазова: Знаци на заедништво меѓу актерите и публиката
Наташа Бунтеска: „Женидба“ - претстава што ветува
Тодор Кузманов: Подзаборавениот Островски
Анета Јанчевска: Ние во огледалото на Гогољ
Панде Манојлов: „Женидба“ на ниво
Тодор Кузманов: Модерна постановка
Наташа Бунтеска: Експеримент кој ја нагласува севременоста на темата Хамлет
Борче Грозданов: Хамлет е и ова - ДА!
Анета Јанчевска: Театар кој се доживува
Тодор Кузманов: Хамлет за почетници
Борче Грозданов: Една поинаква слика на потрагата по коренот
Цветанка Зојчевска: Чудото на Цветановски
Борче Грозданов: Шекспир и Јонеско како опомена
Цветанка Зојчевска: Моќта како гротеска
Лилјана Мазова: Јазол во кој е жртвувана актерската енергија
Лилјана Мазова: Принципот еднаков - претставите различни
Цветанка Зојчевска: Сакајте си ја вагината
Борче Грозданов: Свирачот... не крена на нозе
Лилјана Мазова: Емотивна приказна со збор, музика и игра
Борче Грозданов: Катастрофален филм
Цветанка Зојчевска: Навредливо лошо
Александра Бошковска: Разидување меѓу текстот и режисерскиот концепт
Лилјана Мазова: Црна пасија за црната чума
Лилјана Мазова: Низ лавиринтот на животот
Лилјана Мазова: Зошто свињите не летаат?
Александра Бошковска: Сосема обична претстава
Александра Бошковска: Композиција со добри актерски остварувања
Лилјана Мазова: „Медеја“ во народниот театар во Битола: Крик против рамнодушноста
Лилјана Мазова: Моќна приказна за борбата против злото

______________________________________________________

Борче Грозданов: За насушната потреба - животот

(Кон „Три сестри“ на А.П. Чехов; режија Александар Поповски)
Борче Грозданов
„Треба да се живее... “ - тоа е максимата животна, духовна, опстојувачка, на сите оние што по душа допираат до дното, за да се вивнат во мечтата. Таа моќ да се спознае едноставната реченица од четири зборови, ја поседува секој, но ја затскрива зад лушпата на гордоста (себељубието).По сето ова се поставува прашањето каде е овде местото на оној што љуби, на оној што е љубен и на оној што живее за љубовта? Овие првични размисли се само дел од почетокот на „расклупчувањето“ на приказната за сите души - судбини кои и не сакајќи се судираат, но и се сплотуваат со судбините (душите) на „Трите сестри“ на Антон Павлович Чехов. Но, овие испреплетени мисли кои хаотично наоѓаат ред, не се само плод на умот на Антон Павлович. Тие се и дел од разврската во интенцијата на младиот и неверојатно инвентивен режисер Александар Поповски. Како човек што знае да разврзува јазли, но и како човек кој знае да филозофира на сцената, тој и буквално ги слика онака по свое, животните сладости и гадости, читливо, жестоко и поетично. Така, лебедовата душа на Ирина, која час се вивнува в небо, час се обидува да ја дофати стварноста седејќи на лустерот - гнездо кое и овозможува спој со небото, се врзува и не сакајќи со копнежот и со љубовната страст на Маша, со крутоста и минливоста на животот на Олга, за да се заврши како што започнува, со потребата да се живее. Како дополнување на врзивното ткиво во сестринскиот триаголник се појавуваат ликовите на Вершињин, Прозоров, Кулигин, Тузембах, Саљони, Чебутикин, кој секој на свој начин се придодава на вечната игра. Вершињин - Никола Ристановски е човек кој својата судбина, отпетлувајќи ја од рацете на неговата жена, в миг љуби за вечност, за потаму да остави празнина и студ во женската душа на Маша. Кулигин или Митко С.Апостоловски, својот мир го жртвува за љубовта кон жената, сопругата, но и љубената - Маша. Тузембах со Петар Мирчевски е човек кој својата шанса стрпливо ја гради, чекајќи ја прегратката на Ирина за која и неминовно згаснува. Докторот Чебутикин или Илко Стефановски својот безизлез го живее само за да го приведе кон крај (ако е тоа можно), Саљони на Иван Јерчиќ онака младешки и не многу размислувајќи го создава патот кон пропаста.
Интересно е како тој цел свет се превртува во главата на Поповски, преточена во актерската енергија на Николина Кујача, Ирина, која фантастично ги вкомпонирува сите оние копнежи на Ирина, Габриела Петрушевска со Маша која го игра студенилото, но и бегството од реалноста потопено во апатија, со до моментот кога љуби за да изгори, и Елена Моше која стаменоста и минливоста ги спојува во цврста верба во играта. Сето ова не би било ништо доколку светот на Чехов и Поповски не се судрат во жестокоста на вториот за сметка на  наративноста (која, всушност, дозволува игра со материјата, но и идејата), па така обичниот дијалог станува кавга до срж, игра на живот и смрт, пајаковата лушпа е дел од душата, болката станува соголеност до коска, а надежта се врзува во капка вода како желба и чистота. Како прекрасно дополнување се и Јоана Поповска со фантастичната „назнака“ за староста со мудрост и детска невиност, испреплетена во животно знаење и значење. А идејата и реализацијата на „душевното шоу“ се надополнуваат со коректно изиграните и Андреј на Петар Горко и посесивната Наташа, негова жена, на Валентина Грамосли. Во ова се вклопува и музичката  посветеност на Кирил Џајковски и костимите на Ангелина Атлагиќ. Особено фасцинираше играта на светло која асоцираше спој со небото, но и игра со огнот кои се главни компоненти во мајсторската поставеност на целата претстава.

Вечер