ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Театролошки изданија: Изданија на ФДУ

За Институтот за театрологија

Ана Стојаноска (2006), Македонски постмодерен театар
Luzina, Jelena ed.(2005), Intercultural theatre
Лужина, Јелена (2007), Македонски театар: Балкански контекст
Luzina, Jelena ed.(2007), Theatre and identity
Јованов, Љупчо (2004), Архитектура на сценскиот простор
Али, Сема (2004), Малечката
Luzina, Jelena ed.(2003), Balkan Theatre Sphere
Петковска, Нада (2003), Драматуршки читања
Здравкова-Џепароска, Соња (2003), Балетска драматургија
Мазова, Лилјана (2003), Тој и тие.Театарски сложувалки
Театарот на македонската почва – енциклопедија (2002), ЦД-ром
Никчевиќ, Сања, прир.(2002) Антологија на современата хрватска драма

______________________________________________________

Ана Стојаноска (2006), Македонски постмодерен театар

Скопје: ФДУ

Македонски постмодерен театар
Во книгата МАКЕДОНСКИ ПОСТМОДЕРЕН ТЕАТАР, авторката Ана Стојаноска  остварила исклучително обемна, исцрпна, студиозна и аргументирана анализа на феноменот земен за обработка. Своето истражување го втемелила врз солидна теориска/методолошка основа, и истото го извршила не само врз добро одбран/селектиран, но и соодветен /репрезентативен број примери. Притоа употребила соодветни научни методи – еминентно театролошки по својата провениенција.
Во пишувањето на трудот авторката користела обемна стручна литература, давајќи многубројни докази дека поставките научени/превземени од нејзините многубројни автори умее да ги користи на соодветен начин и со нивна помош/поддршка да доаѓа до свои оригинални заклучоци.
Книгата МАКЕДОНСКИ ПОСТМОДЕРЕН ТЕАТАР  на 240 страници текст, содржи истражуван материјал, кој е прегледно организиран во два  меѓусебно целосно условени/компатибилни дела.
Првиот дел (примарен, истражувачки, аналитички), ефектуиран  во обемот од 160 страници (коишто ги апсолвираат трите четвртини од трудот), обмислено е развиен низ/преку 6 сукцесивно подредени, во методолошка смисла консеквентно изведени глави, вклучувајќи ја воведната (1.Вовед), односно заклучната (6. Заклучок). Овој дел  генерално го тематизира/детерминира, теориски го формулира, аналитички го разгледува/елаборира и, најпосле, настојува да го дефинира специфичниот театролошки феномен,  во  трудот точно именуван  како македонски постмодерен театар.
Вториот дел (секундарен, референцијален), ефектуиран во обемот од наредниве 80 страници, коишто ја структурираат последната четвртина од трудот (стр. 130-170), минуциозно ги евидентира, систематизира и соодветно ги коментира различните видови и/или типови на граѓа (таканаречените извори), врз која првиот  дел не само што континуирано се потпира, но и постојано ја реферира, тематизира и конотира, анализирајќи ги и/или коментирајќи нејзините импликации од најширок спектар: театрографски, историографски, културолошки, библиографски, биографски, индикациски, лексички/семантички.