ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Личности, Македонски автори: Македонски автори во странство

Македонски автори во странство

Русомир БОГДАНОВСКИ - драмски автор
Зоја БУЗАЛКОВСКА - режисер
Весна ГИНОВСКА-ИЛКОВА - оперска пејачка
Деан ДАМЈАНОВСКИ - режисер
Дејан ДУКОВСКИ - драмски автор
Љупчо ЃОРГИЕВСКИ - режисер
Мето ЈОВАНОВСКИ - актер
Дритро КАСАПИ - режисер
Трајче КАЦАРОВ - драмски автор
Љупчо КОНСТАНТИНОВ - композитор
Жанина МИРЧЕВСКА - драмски автор
Владимир МИЛЧИН - режисер
Бајруш МЈАКУ – актер
Александар ПОПОВСКИ - режисер
Иван ПОПОВСКИ - режисер
Никола РИСТАНОВСКИ - актер
Горан СТЕФАНОВСКИ - драмски автор
Борис ТРАЈАНОВ - оперски пејач
Слободан УНКОВСКИ - режисер
Крсте С. ЏИДРОВ - сценограф

______________________________________________________

Русомир БОГДАНОВСКИ - драмски автор

2003:
Драмски театар „Сава Доброплодни“ - Силистра, Република Бугарија
:
премиерна постановка на комедијата Ништо без Трифолио,
во режија на Стефан Сајчев.

***
Русомир Богдановски
Дипломира драматургија на Факултетот за драмски уметности во Белград (1972), каде што и магистрира (1997) во областа која долгогодишно ја истражува - богатата балканска етно-традиција, со особена нагласеност на фолклорната драматика иманентна на македонските обреди и обичаи.
Работи како драматург во Македонската телевизија (1972-1987) и како професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје (од 1988). Го предава предметот филмско и тв-сценарио, а од 1999 година, предметот драматургија.
Драмски текстови
: На заборавениот остров (1968); Фарса за храбриот Науме (1968/69); Панургиј (1969); Чудото на свети Ѓорѓи (1971/79); Патенталија и Тентелина (1983); Ништо без Трифолио (1986); Вечерва Фалстаф (1993); Ноќ спроти свети Василиј (1996).
Пишува и детски драмски текстови - Рекламна бајка (1989); Чудовиштата во нашиот град (1990), како и филмски и телевизиски сценарија: Добра долина (1973); Како се сакаа Пертеф и Леонида (1974); Нели ти реков (1976); Златни години (1978); Учителот (1980); Време на летала (1982); Пасквелија (1992) и Life time (1999).
Награди
: Награда на Македонскиот народен театар за драмски текст (Фарса за храбриот Науме, 1970); Специјална награда на ТВ-фестивалот во Блед (за сценарио на ТВ-драмата Како се сакаа Пертеф и Леонида, 1975); Гран-при на ТВ-фестивалот во Порторож (за сценарио за ТВ-драмата Учителот 1981); Награда за најдобар текст на Фестивалот за детски театар во Зеница (Рекламна бајка, 1990).