ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Личности, Македонски автори: Годишнини

Личности: годишнини

Васка БИЏОВА-ГАЈДОВА - сопран
Мери БОШКОВА - актерка
Јордан МИТРОВСКИ - драмски актер, оперски пејач и оперски режисер
Јован ПАШТИ - балетски играч
Натка ПЕНУШЛИСКА-МИТРОВСКА - балерина, балетски педагог, кореограф, репетитор
Ратка ЧОРЕВСКА - актерка
Љупка ЏУНДЕВА - актерка

______________________________________________________

Васка БИЏОВА-ГАЈДОВА - сопран

Васка Биџова
(26 јуни 1924, Прилеп)

Сопран со несекојдневни природни гласовни перформанси и со фасцинантна леснотија на колоратурите. По завршувањето на школувањето во Средното музичко училиште во Скопје, во класата на Нина Монастри-Кунели, успешно дебитира на сцената на Операта при Македонскиот народен театар (МНТ) во улогата на Кралицата на ноќта од операта Волшебната флејта (1951). Вокалното усовршување го продолжува со професорот Јулиус Бетето од Љубљана.
Од 1956 до 1958 година како стипендист на македонската Влада престојува во Виена, каде што дипломира на Академијата за музика и применети уметности, во класата на проф. Марија Брант (1958). Оттогаш нејзиниот творечки пат е нераскинливо врзан со развојот на матичната куќа, во која ги остварува улогите на: Каролина (Таен брак, 1952); Розина (Севилскиот берберин, 1954); Оскар (Бал под маски, 1955); Адина (Љубовна напивка); Констанца (Грабнување од сарајот, 1959); Олимпија (Хофманови приказни, 1965); Мис Вордсфорт (Алберт Херинг, 1970); Фјордилиџи (Така прават сите, 1972); Евридика (Орфеј и Евридика, 1973); Лучија (Лучија ди Ламермур); Џилда (Риголето, 1974).
Најскапоцено во нејзината уметност е нејзиниот раскошно убав глас, со кој успева уверливо да ги изрази и најсуптилните чувства на своите хероини. Истовремено, таа е и автентичен толкувач на старите италијански мајстори и на германскиот лиид на македонската концертна сцена.
Награди
: Награда 11 Октомври за животно дело (1974); Златна лира на Сојузот на музичките уметници на Југославија (1979).