ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Личности, Македонски автори: Сеќавања

Личности: сеќавања

Александар АЛЕКСИЕВ - театролог, писател, театарски и литературен критичар, преведувач
Ацо АЛЕКСОВ - режисер
Бранко ВАРОШЛИЈА - театарски критичар и раскажувач
Зоран ВЕЛЕВСКИ - балетски играч, репетитор
Нада ГЕШОСКА - актерка
Димитар ГЕШОСКИ - актер
Вукан ДИНЕВСКИ - актер и режисер
Сребре ЃАКОВСКИ - актер
Асије ЖУТА - актерка
Ѓорѓи ЗДРАВЕВ - костимограф
Марија ИСАЈА - актерка
Ѓорѓи КОЛОЗОВ - актер
Тодорка КОНДОВА-ЗАФИРОВСКА - актерка, режисер, педагог
Бранко КОСТОВСКИ - сценограф
Марк МАРКУ  - актер
Илија МИЛЧИН - актер, режисер, преведувач, педагог
Димитрие ОСМАНЛИ - режисер
Антон ПАНОВ - поет, раскажувач и драматичар
Петре ПРЛИЧКО - актер, режисер
Добрила ПУЦКОВА - актерка
Благоја РИСТЕСКИ - ПЛАТНАР - драмски автор
Љутви СЕЈФУЛА - актер
Марија СКАЛОВСКА-МИРЧОВ - сопран
Димитар СТАНКОСКИ - режисер
Ненад СТОЈАНОВСКИ - актер
Кирил ЌОРТОШЕВ - актер
Димитар ЌОСТАРОВ - актер, режисер, педагог
Илија ЏУВАЛЕКОВСКИ - актер и педагог
Фазли ШАЌИРИ - актер
Шерафетин НЕБИ - актер, режисер, драмски автор
Кирил РИСТОСКИ - актер и педагог

______________________________________________________

Љутви СЕЈФУЛА - актер

Љутви Сејфула
(15 јануари 1926, Скопје - 25 јуни 2005, Скопје)

Завршува морнаричка подофицерска школа во Пула (1946-1950). Од 1950 година работи во ансамблот на Турската драма при Театарот на народностите. На матичната сцена продолжува да настапува и по пензионирањето во 1985 година. Настапува и во многубројни филмски и телевизиски проекти реализирани во Турција (над 40 филмови и неколку телевизиски серии, меѓу кои и една снимена во 65 епизоди). Автор е на неколку драмски текстови кои се изведени во Театарот на народностите.

Селективна театрографија: Алиш (1952); Коштана (1956); Бисерни солзи (1958, 1961); Сомнително лице (1963); Ѓаволштините на Скапен (1964); Дванаесетта ноќ (1966); Слава или заборавениот човек (1967); Мајка храброст (1971); Изгасната свеќа (1971); Убавината чекори сама (1975); Дали постоеше Иван Ивановиќ (1978); Угурсуз (1979); Злосторство и казна (1980); Аргатот Симан (1981); Алиш (1984); Ревизор (1985); Дневник на стравот (1988); Итрата жена на улавиот (1996).

Награди: Награда на Здружението на драмските уметници на поранешна Југославија, за улогата на Мате во претставата Светилник на Перо Будак (1960); Награда на Здружението на театарските уметници на СР Македонија, за улогата на Алија Ѓерзелез во претставата Слава и самотија на Иво Андриќ (1963); Награди за најдобро актерско остварување на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) Војдан Чернодрински- Прилеп, за улогите: Нури во претставата Насилникот од Торос (1966); Аргон во претставата Вообразен болен (1977) и Фарфур во претставата Слуги (1980); Награда Актер на годината на весникот Бирлик (1970); Награда 11 Октомври за улогата на Фарфур во претставата Слуги (1980); Награда за животно дело на МТФ Војдан Чернодрински (Прилеп, 1996).