ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Личности, Македонски автори: Сеќавања

Личности: сеќавања

Александар АЛЕКСИЕВ - театролог, писател, театарски и литературен критичар, преведувач
Ацо АЛЕКСОВ - режисер
Бранко ВАРОШЛИЈА - театарски критичар и раскажувач
Зоран ВЕЛЕВСКИ - балетски играч, репетитор
Нада ГЕШОСКА - актерка
Димитар ГЕШОСКИ - актер
Вукан ДИНЕВСКИ - актер и режисер
Сребре ЃАКОВСКИ - актер
Асије ЖУТА - актерка
Ѓорѓи ЗДРАВЕВ - костимограф
Марија ИСАЈА - актерка
Ѓорѓи КОЛОЗОВ - актер
Тодорка КОНДОВА-ЗАФИРОВСКА - актерка, режисер, педагог
Бранко КОСТОВСКИ - сценограф
Марк МАРКУ  - актер
Илија МИЛЧИН - актер, режисер, преведувач, педагог
Димитрие ОСМАНЛИ - режисер
Антон ПАНОВ - поет, раскажувач и драматичар
Петре ПРЛИЧКО - актер, режисер
Добрила ПУЦКОВА - актерка
Благоја РИСТЕСКИ - ПЛАТНАР - драмски автор
Љутви СЕЈФУЛА - актер
Марија СКАЛОВСКА-МИРЧОВ - сопран
Димитар СТАНКОСКИ - режисер
Ненад СТОЈАНОВСКИ - актер
Кирил ЌОРТОШЕВ - актер
Димитар ЌОСТАРОВ - актер, режисер, педагог
Илија ЏУВАЛЕКОВСКИ - актер и педагог
Фазли ШАЌИРИ - актер
Шерафетин НЕБИ - актер, режисер, драмски автор
Кирил РИСТОСКИ - актер и педагог

______________________________________________________

Ѓорѓи ЗДРАВЕВ - костимограф

Ѓорѓи Здравев
(2 април 1941, Радовиш - 8 јануари 2007)

Дипломира (1967) и магистрира (1972) костимографија на Академијата за применета уметност во Белград. Докторира на отсекот за етнологија на Филозофскиот факултет во Белград (1991). Работи во модните конфекции "Астибо" и "Македонка" од Штип (1967-1969), а потоа во Институтот за фолклор (1969-1995), во Институтот за старословенска култура во Прилеп и во Скопје (1995-1999), во Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде што од 1999 година е професор по етнологија. Од 1983 година предава костимографија на Факултетот за драмски уметности.

Изработил над педесет костимографии соработувајќи со сите театари во Македонија.

Селективна костимографија: Јане Задрогаз (1974); Грдиот Нарцис (1974); Цар Едип (1976); Ослободување на Скопје (1978); Рибарски караници (1979); Столови (1980); Чудото на св. Ѓорѓија (1981); Дупло дно (1984); Југословенска антитеза (1985); Викенд на мртовци (1985); Ревизор (1986); Зона Замфирова, Кир Јања, Мустаќите на Рококојко; Патенталија и Тентелина; Ништо без Трифолио (1986); Р (1987); Долго патување во ноќта (1988); Бура (1992); Калигула (1993); Амадеус (1996); Јане Задрогаз (куклена претстава, 2001); костимографии за филмови и телевизиски серии: Викенд на мртовци; Ангели на отпад; Таксист; Ѕвездите на 42-рата; Во чест на св. Василиј; Бушава азбука; Театарче лево ќоше; Трето доба; Лет во место.

Награди: Награда за најдобра костимографија и за најдобро креиран костим на фестивалот Стериино позорје, за претставата Јане Задрогаз (Нови Сад, 1975); Орден за труд со сребрен венец (1981); Награда за најдобра костимографија на Македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински за претставата Ништо без Трифолио (Прилеп,1987); Награда Гоце Делчев за придонес во македонската наука (1997).