ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Личности, Македонски автори: Сеќавања

Личности: сеќавања

Александар АЛЕКСИЕВ - театролог, писател, театарски и литературен критичар, преведувач
Ацо АЛЕКСОВ - режисер
Бранко ВАРОШЛИЈА - театарски критичар и раскажувач
Зоран ВЕЛЕВСКИ - балетски играч, репетитор
Нада ГЕШОСКА - актерка
Димитар ГЕШОСКИ - актер
Вукан ДИНЕВСКИ - актер и режисер
Сребре ЃАКОВСКИ - актер
Асије ЖУТА - актерка
Ѓорѓи ЗДРАВЕВ - костимограф
Марија ИСАЈА - актерка
Ѓорѓи КОЛОЗОВ - актер
Тодорка КОНДОВА-ЗАФИРОВСКА - актерка, режисер, педагог
Бранко КОСТОВСКИ - сценограф
Марк МАРКУ  - актер
Илија МИЛЧИН - актер, режисер, преведувач, педагог
Димитрие ОСМАНЛИ - режисер
Антон ПАНОВ - поет, раскажувач и драматичар
Петре ПРЛИЧКО - актер, режисер
Добрила ПУЦКОВА - актерка
Благоја РИСТЕСКИ - ПЛАТНАР - драмски автор
Љутви СЕЈФУЛА - актер
Марија СКАЛОВСКА-МИРЧОВ - сопран
Димитар СТАНКОСКИ - режисер
Ненад СТОЈАНОВСКИ - актер
Кирил ЌОРТОШЕВ - актер
Димитар ЌОСТАРОВ - актер, режисер, педагог
Илија ЏУВАЛЕКОВСКИ - актер и педагог
Фазли ШАЌИРИ - актер
Шерафетин НЕБИ - актер, режисер, драмски автор
Кирил РИСТОСКИ - актер и педагог

______________________________________________________

Александар АЛЕКСИЕВ - театролог, писател, театарски и литературен критичар, преведувач

Александар Алексиев
(20 август 1929, Кочани - 22 февруари 2006, Скопје)

Дипломира на Филозофскиот факултет во Скопје (1955). Од 1953 година пишува театарска и филмска критика, најпрво во Нова Македонија, потоа за Радио-Скопје и во списанието Современост. Од 1955 до 1958 година има своја рецензентска рубрика во весникот Млад борец - Сцена. Со театрологија почнува да се занимава на почетокот на 60-тите години.

Автор е на книгите од областа на театрологијата: Основоположници на македонската драмска литература (студии и есеи, 1972, 1976); Војдан Чернодрински (монографија, 1974); Антон Панов (монографија, 1974); Драмското творештво на Томе Арсовски (монографија, 1974); Македонската драма меѓу двете светски војни (хрестоматија, 1976); Илинден и македонската драмска литература (хрестоматија, 1983); Низ литературното минато и сегашноста (огледи, 1984); Љубов за љубов - прилог кон проучувањето на аметерскиот и алтернативен театар во Македонија (монографија, 1994), Потрага по традиција и континуитет (литературно-историски и театролошки истражувања, 2001).

Приредувач е на повеќе избори од драматиката на Васил Иљоски (1966, 1973, 1978, 1979, 1988), Војдан Черодрински (петтомна едиција, 1975-1976; одбрани драми 1990), Ристо Крле (1988) и Бранко Пендовски (1973). Приредувач е на книгата на Јован Костовски, Дела и изведби (1973).

Бил директор на Македонското радио (1972-1978) и на Архивот на Македонија (1978-1986). Бил претседател на жирито (1968, 1976, 1977) и претеседател на Советот на Македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински (1982). Еден е од основачите и главен поддржувач на Фестивалот на аматерскиот театар во Македонија.

Работи како вонреден професор на Факултетот за драмски уметности/ФДУ во Скопје (1979-1985), каде што предава македонска драма, театар и јазик. Од 1985 година е редовен професор по предметот историја на македонската драма и театар. Од 1987 до 1989 година е декан на ФДУ, и од оваа функција заминува во пензија (1990).

Награди: Награда 11 Октомври за книгата Основоположници на македонската драмска литература (1973); Награда Војдан Чернодрински за животно дело (2000).