ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Буден театар

Буден театар

Лилјана Мазова: „Јас, љубам, Бог“ на Милиjана Ленак мисли и бара да мислиш

______________________________________________________

Лилјана Мазова: „Јас, љубам, Бог“ на Милиjана Ленак мисли и бара да мислиш

Лилјана Мазова
Независниот „Буден театар“ овој март ги одбележа првите три години од формирањето. Мотото му е „никогаш доволно театар“; има реализирано четири претстави за возрасни и за деца; цел му е да покренува и реализира соработка меѓу независните и институционални театри, што и го прави. Последен авторски проект е „ Јас, љубам, Бог“ на Милијана Ленак, една од покренувачите на „Буден театар“, а во реализацијата е вклучена и поприлично голема авторска екипа со статус на помагачи. Важен е и фактот дека амбициозната актерка Милијана Ленак, изодувајќи го тешкиот пат до целта, успеала проектот да го игра на Малата сцена на Македонската Опера и Балет. што на целиот нејзин од по маките и на вкупната реализација му ја заокружува сериозноста. Условите и атмосферата на и во објектот на нејзината монодрама и додаваат атмосфера што ја заслужува секој сериозен труд.

ДИЈАПАЗОН
Милијана Ленак својот авторски проект/монодрама во кој таа е и сценарист и режисер, го создала од збирките „Хенри и Џун“ и „Инцест“ од едицијата нецензурирани дневници на Анаис Нин, насловена како „Дневник на љубовта“. За проект кој нема никаква финансиска поддршка или спонзорство, но и како театар во кој актерката се вложила себеси и на гледачот му дозволува во широк дијапазон да влезе во тој нејзин создаден свет, со наслов „Јас, љубам, Бог“ е театар кој е создаден со многу труд и чиста идеја. Тоа е и театар кој мисли и истото го бара и од гледачот.

За актеркара Милијана битни се прашањата кои се состојби и пребарувања по себе и, се разбира, не се даваат одговори. Во тоа и не е сама. Околу неа се творци кои не се препуштиле на импровизации, не подлегнале на беспарицата која ги следи проектите на независните театри. Напротив, проектот е обмислен низ сите сегментии - костимите, кореографијата, снимените реплики на ликовите кои се дел од приказната за вистинската или фиктивната слобода на Анаил. Битен, односно најбитен елемент кој на Милијана и е партнер во изведбата, е фонот односно звукот на претставата на Виктор Гајтаноски среде кој таа ги кажува своите искуства, дилеми, преиспитувања: звукот на старата машина за пишување и човековиот глас/гласови на ликовите низ кои Анаис го спроведува својот систем/експеримент за местото, изместеноста и можното поместување на границите на човековата слобода и барањето на себе во неа.

Милијана во време од околу 70-тина минаути е Анаис Нин, писателка, омажена жена која има љубовна врска со писателот Хенри Милер но и со неговата сопруга Џун, има инцестуозна врска и со својот татко кој ја напуштил како мала, жена која се ослободува од детето што го носи во себе за да ја продолжи потрагата по себе. Таа е и писателка, пишува и запишува, иако не и јасно што од тоа е вистина а што авторска/писателска страст, имагинација. И дали сето тоа ќе и овозможи поискрен однос кон себе и поискрено живеење во светов во кој искреноста е најчесто најнеценета особина.

БЕЗ ОДГОВОРИ
Ниту Анаис ниту Милијана не ги даваат одговорите на тие прашања и состојби на духот, па и на телото. Тој заборавен звук на машината за пишување, нечиј искрен или лицеменерен глас, рамниот глас со кој и ликот и актерката ги кажуваат состојбите, радоста, залудноста, изневереноста, дилемата/дилемите, се глас кој, всушност, сака и може да ја преиспитува својата идеја за слобода. Актерката сето тоа го прави.

Нема дилема дека Милијана Ленак го замислила/скроила ликот на Анаис по мерка на својата идеја за слобода. Го прилагодила на себе и на она што тој е во нејзината слобода. И го прави, иако е сосем извесно дека во напорот да е што поблиску до ликот, ќе и било полесно да имала покрај себе и режисер. Преодите, на пример, би биле поефикасни. Всушност, никогаш не ми се разјани прашањето што ми го отвора секој проект на актер кој ќе реши сам да си биде и режисер: зошто го прави тоа? Не дека има големи грешки конкретно во режијата на Милијана или нејзината работата со актерката Милијана, ама секако дека еден друг поглед ќе е чекор поблиску до совладувањето и толкувањето на различните состојби/погледи/намери и писателски амбици на Анаис. Особено што оваа Милијана е добра актерка и што не е од оние кои не ги бива и покажувајќи нетрпеливиост и еезнајност кон сите други, доволни си се сами на себе.

Милијана има сигурен контакт со одбраниот текст и настаните низ кои поминува ликот. Систематски го надоградува и неговиот однос кон различните животни искуста, копнежи, страсти, изневереност, напуштеност. Во кореографската поставеност на тие различности ефектно ја води Искра Шукарова која на низ просторот кој го полнат актерката и ликот, среде звукот и светлото, создаваат атмосфера на сигурност и задоволство од најбитното ЈАС во себе и од љубовта од секаков вид и карактер.

Глобус, 13.03.2012