ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Театар „Комедија“

Театар Комедија

Лилјана Мазова: Театарот „Kомедија“ и радоста од него
Борче Грозданов: Која мајка си го изгубила детето на гробишта ќе го најде
Тони Димков: Храбро соочување со вистината
Лилјана Мазова: Лет над кандидатското гнездо: фарсично преиспитување на хероизмот некогаш и сега

______________________________________________________

Лилјана Мазова: Театарот „Kомедија“ и радоста од него

Лилјана Мазова
„АХ, ЉУБОВ МОЈА“ Првата претставата на Театарот „Комедија“. „Ах, љубов моја...“ прва ги покажа целите и можностите на ансамблот. Актерите на овој театар, и неколкумината гости, иако за првпат се заедно на сцената, иако секој од нив има подолго, покусо или сосема кусо актерско искуство, низ играта покажуваат доволно елементи дека се на вистинското место и дека имаат широко отворен простор/сцена/можности за сопствена и колективна надградба токму во ликови/постановки во комедии.

Автор на текстот на „Ах, љубов моја...“ и на режијата на истата претстава е Коле Ангеловски, актер/режисер кој најголем дел од својот долгогодишен театарски век го потрошил играјќи, режирајќи и пишувајќи комедии. Тоа заложба н искуство од контактот најчесто режисер - актер - гледач Ангеловски со и за него главно актери со кои нема работено, ги обединува низ текстот со поднаслов „турска приказна“ која е поттикната, или е реплика на страста на македонскиот телевизиски гледач по турските серии кои неколку години наназад се главна македонска телевизиска понуда. Има и по некоја малициозност или за авторот „вкусна досета“, ама тоа е негов избор. Ситуациите се концентрирани на љубов има среќен крај, има брзи смени на сцените, нахсинхронизација односно превод на тексот што наместа се говори на турски јазик (како во турските серии) со снимени гласови на актери... Текстот е пишуван, како што кажува самиот, според матрицата на големиот мајстор на комедијата Жорж Фејдо.

Дејствието, поради должината на текстот, наместа е подзабавено. Сигурно е дека претставата ќе добива на темпо и ќе го држи вниманието на публиката. Особено што амбициите на Театарот „Комедија“ се преку гостувања да се стигне до публиката и вон Скопје, што е сосема во ред да се има постојано нова и нова публика.

АКТЕРИ
Има голема радост (и помалку несигурност, барем на премиерната изведба) во играта на актерите. На повеќемина од нив ова им се први поголеми ликови и, се разбира, први во првиот македонски театар кој на репертор ќе има исклучиво комедии. Се се учи, открива, созрева. За сите времето и идните проекти ќе бидат и нови "училишта".

Играта им е чиста, а предизвикува смеа која не доаѓа од непотребни гегови туку од ситуациите кои ги создаваат. Така е исполнета целта: актер - ситуација - музика - публика која од театарот ја бара и смешната страна на животот.

Љубовта, интригите, забраните, местенките а на крајот победуваат вистинските чувста, актерите ги играат во разиграно убавите костими на Лира Грабул, сценографијата на Илина Ангеловска и музиката на Џенгиз Ибрахим.

Иако се со различно сценско искуство и стаж на сцената, актерите заедно со своите колеги гости, ја добиваат довербата на публиката.

Најсложена, со најмногу задачи со кои се соочува, е најмладата Нина Деан како Сузан. Со својата енергија таа ја води играта на сплетки и љубов. Задоволство, воздржана игра која подразбира одмереност што е во функција на смеа која е последица од видени животни ситуации, во „Ах, љубов моја...“ (љубовта е најважна во целата сценска приказна), играат Крсте Јовановски (Директорот), Зорица Стојановска (Беба), Атанас Атанасовски (Селпин), Едмонд Сотир (Азем), Роберт Ристов (Мијалче), Жаклина Стевковска (Г-ѓа Трпкова), Ердоан Максут (Ѓорче) и Валентин Костадиновски (Боби) сите актери во ансамблот на Театар "Комедија". Нивни гости е искусниот Александар Микиќ (Генералот Курчибиќ, Бојан Велевски (Фидан), Слаѓана Вујошевиќ (Мариче) и Кристина Ласовска (Нини).

„Ах, љубов моја...“ е прва рожба на Театарот „Комедија“. Отпочната е поддршката и довербата во него. Следува репертоар што ќе ги влијае на неговиот развој: праизведба на текстот на Венко Андоновски „За секој има по една...“ и „Женидба“ според комедијата на Николај В. Гогољ во режија на Дејан Пројковски.

Среќно Театар „Комедија“.

Глобус, 03.04.2012