ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Театра

Theatra

Бошковска Александра: Мала оаза на независната продукција

______________________________________________________

Бошковска Александра: Мала оаза на независната продукција

Македонската театарска сцена во минатава една и пол година доживува силен расцут на независната продукција. Творците се собираат надвор од институциите, младите кадри основаат трупи што ги освојуваат алтернативните простори за игра, а некои основаат мали театри, со адреса и сопствена локација.

Таков е независниот театар „Театра“, зачнат годинава од група млади креативци од различни профили, сместен во конкретен (скромен, но корисен) простор. „Театра“ есенва во рамките на фестивалот МОТ ја одржа втората премиера, прикажувајќи ја постановката на потресната драма на Сузан Лебо „Звукот на коските што се кршат“ во режија на Билјана Радиноска.

Изборот на текстот е ризичен, не само поради суровоста на приказната туку и поради стегнатоста и густината на говорната структура на драмата, која бара големо и концентрирано „гледање“ од страна на публиката. Па сепак, режисерката и се нафрла на приказната храбро и преку најсилното оружје што може да си го дозволи - актерите. Во малата, технички неопремена сала, таа успева да создаде чиста постановка, потпирајќи се пред с` на актерските потенцијали на интимниот тричлен тим. Наташа Петровиќ, Бојан Kирковски и Стефанија Зисовска се вложуваат целосно, без трошка „шминка и ефекти“ и создаваат лесна и непречена комуникација меѓу себе, приказната и публиката.

Петровиќ и Kирковски играат деца на различна возраст и со сосема различни карактер и навики. Палетата на изразни средства им е богата и детаљна, но не е изнасилена, ниту искарикирана. Природни се, логични и приемчиви. Зисовска, поставена фронтално, ги изнесува поентите гледајќи и на целата публика директно в очи - ефект што го постигнува преку неколебливиот пласман на репликите.

Свесни за материјалните и за техничките можности на театарот, тимот посегнува кон целосна театрализација и разбивање на илузиите при решавањето на просторот и на светлото.

Дневник, 27.11.2011