ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови

Почетна страница

© Институт за театрологија. 2004

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст ]


Проекти :: Реализирани

Осумдесетгодишнината од организираниот театарски живот во Штип

По иницијатива на Народниот театар во Штип, кој во текот на оваа година преку низа манифестации ќе ја одбележува 80-годишнината од изведбата на првите театарски претстави во овој град, прикажани во сопствена продукција, Институтот за театрологија прифати да го конципира и реализира научниот собир на оваа тема.

Овој собир, кој имаше форма на симпозиум (заради што ќе му претходат некои истражувања на примарната театрографска граѓа, достапна во архивите во Македонија и во Србија), се одржа во Штип, на 5 ноември 2004. На него учествуваа дваесеттина еминентни научници од Македонија и од странство (театролози, културолози, теаатрски критичари и публицисти).

По одржаниот симпозиум, трудовите и дискусиите ќе бидат објавени во посебен зборник, кој, освен триесеттина табаци текст, ќе содржи и околу стотина фотографии.