ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови

Почетна страница

© Институт за театрологија. 2004

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст ]


Проекти :: Реализирани

Театар на разлики / интеркултурален театар

Во Македонија, како еминентно мултикултурална и мултиетничка држава, делуваат 14 професионални театарски институции, од кои две - Албанска драма и Турска драма при Театарот на народностите - директно се насочени кон задоволување на културните/театарски потреби на јазички и етнички Другиот.

Третиот, Театарот нa Ромите „Пралипе“, кој во Скопје професионално работи од 1971, од 1989 година своето седиште го премести во Германија, станувајќи европски ромски театар „од македонско потекло“.

Од 2001 година во Скопје делува Детски театарски центар, кој своите претстави ги игра на повеќе јазици (албански, турски, македонски, ромски, англиски...).

Една од мисиите на евидентно различно конципираните театарски институции во Македонија е и чување на културниот и јазичниот идентитет на одделни национални групи. Овој проект истражува како и во кои форми оваа мисија всушност се реализира.

Проектот е финансиран од фондацијa Институт отворено општество Македонија.