ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови

Почетна страница

© Институт за театрологија. 2004

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст ]


Проекти :: Планови

Монографија за актерот Бајруш Мјаку

Макар што, според воспоставените конвенции, монографските книги најчесто се објавуваат за творците кои го заокружуваат или веќе го имаат завршено својот опус, авторскиот тим на Институтот заклучил дека – во примерот на Бајруш Мјаку (роден 1952, професионален актер од 1973) – ваквата книга би требало да се направи токму во мигот на неговата апсолутна актерска зрелост.

Сосема посебна, оригинална, во секоја смисла неспоредлива, појавата на Бајруш Мјаку – актер кој, освен на мајчиниот албански, суверено игра и на повеќе други јазици – предизвикува не само на научна валоризација на неговиот раскошен талент, туку и на елаборација на интеркултуралните релации што македонскиот театар континуирано ги провоцира.

Монографијата - која би била печатена на македонски, албански и на англиски јазик, а би била комплетирана со ЦД-ром кој би ги содржел фрагментите од неговите најсупешни претстави – би била објавена во текот на 2005 година.