ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови

Почетна страница

© Институт за театрологија. 2004

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст ]


Проекти :: Реализирани

Илија Милчин – монографија (2003)

Започнувајќи со собирање и обработка на граѓата за оваа капитална книга пред повеќе години, истражувачкиот тим на Институтот – за жал – не успеа целосно да ја доврши и објави пред смртта на нејзиниот протагонист, еден од втемелувачите на македонското глумиште, професорот Илија Милчин.

По неговото заминување, благодарение на разбирањето и интересот на МТФ „Војдан Чернодрински“, кој фигурира како нејзиниот директен издавач, монографијата е подготвена и промовирана во Прилеп, во рамките на фестивалот, на 19 јуни 2003 – денот на 85-от роденден на Милчин.

Оваа репрезентативна, луксузно опремена, содржински сосема ексклузивна книга содржи 13 аналитички и евокативни текстови на исто толку реномирани автори (театролози, театарски критичари, актери, писатели) и 198 фотографии со висока документарна, но и сентиментална вредност.