ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови

Почетна страница

© Институт за театрологија. 2004

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст ]


Проекти :: Тековни

Македонскиот театар во контекст на балканската театарска сфера (допири, врски, влијанија, специфики)

Тригодишен научно истражувачки проект, во рамките на кој систематски се разгледува историскиот, социјален, геополитички, идеолошки, антрополошки и - најсуштествено! - ЕСТЕТИЧКИ КОНТЕКСТ во којшто, во протег на изминативе 25 века, се развивал театарот на македонската почва.

Постапното реализирање на овој проект фактички ќе резултира со пишување на научно фундирана и аргиментирана ИСТОРИЈА НА ТЕАТАРОТ НА ОВИЕ ПРОСТОРИ.

Специфичностите на таа историја - детектирање и дефинирање на околностите коишто ги определуваат нејзините естетички валери (инаку, еминентно балкански), можат да се разберат само доколку најпрвин се истражи/протолкува/реконструира имено спецификата на таканаречената БАЛКАНСКА ТЕАТАРСКА СФЕРА, разбрана како сплет на културолошки (театарски) допири, врски и влијанија, односно нивното значење од синхрониски и од дијахрониски аспект.

Овој проект, значи, анализира одделни маркантни/сигнификантни феномени од балканската и - последователно - македонската театарска историја врз основа на три клучни методолошки принципи: теориски пристап кон одделен театарски проблем; истражување на меѓусебната условеност на театарската теорија и практика; конституирање на театролошки релевантна слика за одредена театарска појава, епоха или стил.

Започнат во јули/септември 2003, проектот ќе биде завршен до јуни 2006; финансиран е од Министерството за образование и наука на Република Македонија.