ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови

Почетна страница

© Институт за театрологија. 2004

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст ]


Проекти :: Реализирани

Македонска театролошка дата-база: фази I-VI (1999-2004)

Основниот научно истражувачки проект на Институтот, именуван како МАКЕДОНСКА ТЕАТРОЛОШКА ДАТА-БАЗА, покренат е со намера да се приберат, систематизираат и – бидејќи се чуваат во дигитална форма – да се направат општодостапни (лесно пребарливи) сите основни/базични театрографски податоци коишто го реферираат театарскиот живот во Македонија, до денес.

Во текот на изминативе пет години, во оваа база се внесени и систематизирани:
- комплетни репертоарски податоци за сите претстави (драмски, оперски, балетски, куклени, детски), одиграни во македонските професионални театри од 1945 до денес (целосно се обработени над 4.500 претстави)
- делумни репертоарски податоци за сите претстави одиграни во професионалните театри кои работеле во Македонија ос 1913 до 1944 (обработени околу 1.000 претстави)
- делумни репертоари на петнаесетина алтернативни театри кои работеле и работат во Македонија
- персонални датотеки за повеќе од 700 автори
- библиографски референци за над 40.000 театарски критики
- околу 7.500 обработени/идентификувани фотографии
- комплетни податоци за сите релевантни театарски фестивали што се одржуваат во Македонија
- комплетни податоци за сите видови/форми на театарската едукација што се практикува во Македонија

Институтот поседува колекција од над 200 дигитализирани видео-записи од претставите играни на сцените на македонските театри или на сцените во странство, на кои гостувале одделни македонски режисери.