ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови

Почетна страница

© Институт за театрологија. 2004

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст ]


Проекти :: Тековни

Македонска театролошка дата-база - фаза VII (2005)

Во текот на 2005 година, истражувачкиот тим составен од 3 члена (1 главен истражувач, 1 истражувач-координатор, 1 истражувач-компјутерски оператор), како и надворешни соработници, експерти за определени области, кои ќе бидат повикувани по потреба, ќе продолжи тематски да ја истражува СОВРЕМЕНАТА МАКЕДОНСКА ТЕАТРАЛИКА (ХХ и XXI ВЕК).

Стратешка цел на овој дел од проектот е пренесување во дигитална форма на севкупниот документациски материјал со кој располагаат театрите во Македонија

• Дигитализирање на видео-записите од претставите (драмски, оперски, балетски).
• Дигитализирање на театарската критика (1913-2002) – приближно 4000 eдиници.
• Детална обработка на персонални датотеки (театрографии, хронологии, референтни библиографии) за претходно селектирани автори (актери, режисери, оперски солисти, диригенти, композитори);
• Содржинско профилирање и перманентно ажурирање на интернет страницата (WEB-SITE) на Институтот за театрологија, преку која податоците од дата-базата постојано им се на располагање на најширокиот (практички неограничен) круг потенцијални корисници.
• Изработка на физибилити студија за втемелување на Театарски музеј на Република Македонија.