ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови

Почетна страница

© Институт за театрологија. 2004

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст ]


Проекти :: Тековни

Македонско-Хрватска  билатерална програма  за соработка во областа на науката и технологијата: Истражување на театролошка граѓа

Темелот за соработката, како и доказ за нејзината комплементарност, претставуваат  досегашни истражувања на театролошката граѓа, која се однесува на поставувани и/или објавени македонски/ хрватски драмски текстови, критики научна литература за нив во македонскиот, односно хрватскиот контекст.

Цели на заедничката работа се изработка на целокупната театрографија, толкување на критичката и научната рецепција, потоа реконструирање на изведените драми во македонските, односно во хрватските театри и на радијата.

Очекуваните предности од соработката во Хрватска/Македонија, но и во поширокиот регионален контекст ги гледаме во размената на научните искуства, собирање, систематизација, опишување, толкување и објавување на граѓата во релевантен зборник на трудови, што би требало да биде придонес кон македонската и хрватската театрологија.

Распределбата на работата помеѓу македонските/хрватските установи би се темелила  на поделбата на „сферата на интерес“; ова значи дека македонската страна би ја истражувала театролошката граѓа за македонската драма и театар во Хрватска, а хрватската граѓата за хрватската драма и театар во Македонија. Претпоставуваме дека ќе дојде до потребни и нужни продирања во „сферата на интерес“, што може да резултира со поголема истражувачка живост.