ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови

Почетна страница

© Институт за театрологија. 2004

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст ]


Проекти :: Реализирани

БАЛКАНСКА ТЕАТАРСКА СФЕРА - меѓународна театролошка конференција


Во рамките на фестивалот „Скомрахи“, во Скопје е одржана меѓународна театролошка конференција на која учествуваа тринаесет театролози од шест балкански земји (Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија).

Расправајќи за балканската театарска сфера, тие настојуваа аргументирано, методолошки издржано и теориски консеквентно да ги детектираат и дефинираат заедничките и/или слични елементи на театралноста, коишто безмалку закономерно се појавуваат во секоја од поединечните (национални) театарски истории.

По конференцијата, одржана на 1 април 2003, објавен е зборник на презентираните трудови, како и транслитерацијата на интегралната дискусија.

Подготовките на симпозиумот и на зборникот целосно ги извршија членовите на научно истражувачкиот тим на Институтот за театрологија.