ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови

Почетна страница

© Институт за театрологија. 2004

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст ]


   Институт за театрологија при ФДУ – Надворешни соработници

Искра Гешоска (1968) - театарски критичар, дипломира на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје (1995), стекнувајќи го звањето теоретичар на литературата. Од 1997 до 1999 година посетува постдипломски студии по општа и компаративна книжевност.

Д-р Лидија Капушевска-Дракулевска
(1962). Доцент на Катедрата за општа и компаративна книжевност (Филолошки факултет „Блаже Конески), по предметите Романтизмот во европските литератури и Симболизмот во европските поезии. Автор е на книгите: Во лавиринтите на фантастиката (1998) и Поетика на несознајното (2001). Приредувач е на Антологијата на светската лирика (1994) во коавторство со Маја Бојаџиевска, како и на антологијата на скопски раскази Ден во Скопје (1998).

Елјеса Касо
(1961), актер и доцент на ФДУ по предметите Сценски говор со техника на глас, на класа актери на наставен турски јазик. Во Турската драма при Театарот на народностите работи од 1985 година. Настапува и во Театарот на Ромите Пралипе. Има одиграно над педесет улоги.

Д-р Ермис Лафазановски
(1961), виш научен соработник во Институтот за фолклор „Марко Цепенков” - Скопје. Неговата научно истражувачка активност може да се подели на практична (теренски истражувања и експедиции) и теоретска (издадени преку педесетина статии од областа на антропологијата, етнологијата, фолклористиката и литературата).

Лилјана Мазова
(1947), театарски критичар, новинар и публицист, три децении континуирано го проследува актуелниот македонски театарски контекст, театарот од светот и македонскиот театар во светот. Автор е на книгата Ковчег со време - театарски патувања (2001), ТОЈ и ТИЕ - театарски сложувалки (2003). Добитник е на голем број награди.

Д-р Мишел Павловски (1964, Тетово), театролог. Вкупно има објавено околу 120 театарски рецензии. Еден од авторите на дигиталната енциклопедија „Театарот на македонска почва“. Трудови за театарот има објавувано во периодиката и во специјализирани зборници. Во 1998 год. ја објави книгата Чиста игра, посветена на биомеханичкиот систем на В. Е. Мејерхољд. Добитник е на повеќе награди.

Д-р Нада Петковска
(1949), книжевен теоретичар и театролог. Професор на ФДУ по предметите Историја на светска драма и театар, Компаративна книжевност и Теориска драматургија. Објавува во периодиката, во зборници од научни собири, а како посебна книга е објавен трудот (докторската дисертација) Драмското творештво на Коле Чашуле (1996) и Драматуршки читања (2003).

Д-р Никос Чаусидис
(1959), археолог. Доцент на Институтот за историја на уметноста и археологија, по предметите Археологија, Музеологија и конзервација, Историја на културата на Македонија. Бил соработник на повеќе истражувачки проекти од областа на археологијата и етнологијата, учесник на повеќе научни симпозиуми и конгреси со државен и меѓународен карактер. Коавтор е и стручен раководител на мултимедијалниот ЦД-Ром Македонски древности / Macedonian Antiquities.

Д-р Соња Здравкова - Џепароска (1969), наставник по повеќе стручни дисциплини во МБУЦ „Илија Николовски - Луј”, Скопје, постојан соработник во проектите на Институтот за театрологија при Факултетот за драмски уметности. Учесник е на над десетина симпозиуми и трибини во земјата и странство. Автор на книгите Карактерни игри (1998), Дискурси на танцовата уметност на ХХ век (2001) и Балетска драматургија (2003).

 горе