ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови



© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


  Народен Театар „Антон Панов“ - Струмица

Првите податоци за театарскиот живот во Струмица укажуваат на одделни аматерски претстави изведувани во текот на првата и втората декада на 20 век.
Два настана што несомнено ги одбележуваат дваесеттите години му даваат важен поттик на севкупниот живот во Струмица. Тоа е изградбата и отворањето на кино „Балкан“, во 1927 година, кога е формирано и Културно-просветното друштво „Реља Крилатица“. На актуелниот театарски аматеризам тоа ќе му овозможи подготвување на покомплексни/поамбициозни проекти, дури и на две оперети: Мамзел Нитуш на Алберт Миландар, во режија на Рудолф Ваштјатка (24 јануари 1932) и Гејша на Овен Хала, во режија на Димитар Зајков (април 1934). Во двете изведби диригент на оркестарот е Рудолф Ваштјатка.
Во текот на триесеттите години, струмичките аматери изведуваат десетина драмски претстави, меѓу кои и пиесата Печалбари на Антон Панов, премиерно прикажана на 7 ноември 1937 година, на импровизираната сцена поставена во киното „Балкан“.
По ослободувањето, во 1946 година, драмскиот аматеризам во Струмица доживува нов подем. Имено, врз оваа традиција во 1948 година е формиран професионален театар во Струмица, чијшто прв управник е Стојчо Боев.
Прва премиера на Народниот театар е Бегалка од Васил Иљоски, прикажана на 1 мај 1949 година, во режија на Димитар Колчаков.
По смртта на Антон Панов, во 1968 година, театарот го носи името на овој истакнат драмски писател, еден од основоположниците на македонската битова драматика.
Од 1992 година театарот е организатор на манифестацијата Денови на Ристо Шишков, која веќе наредната година прераснува во Фестивал на камерниот театар „Ристо Шишков“.
Меѓу 1949 и 2000 година Народниот театар „Антон Панов“ има изведено над 300 премиерни претстави.
Прв професионален состав на Градскиот народен театар Струмица (1948):

Стојчо Боев - директор; Димитар Колчаков - режисер; Гиго Вета, Фроска Гаврилова, Дивна Гаврилова, Кумјанија Ѓоргиева, Стојан Гогов, Александар Думов, Стојан Мицев, Алеко Протогеров, Моне Сандев - актери.


      репертоар: Народен театар „Антон Панов“ - Струмица
      гостувања: Народен театар „Антон Панов“ - Струмица
      рецензии: Народен Театар „Антон Панов“ - Струмица