ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови



© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


  Драмски театар - Скопје

Макар што својата дејност ја развива континуирано и успешно, на Драмски театар му требаа дури петнаесет години за да се доразвие во организациска форма, каква што има денес.
Зароден како куклен/детски театар, тој фактички стартува во рамките на својата „матична“ институција, Македонскиот народен театар (МНТ), која во 1946 година ја основа својата Куклена сцена (прва претстава Силјан Штркот; драматизација и режија на Петре Прличко; изработка на кукли Светлана Малахова; премиера на 21 април 1946).
Во 1949 година, по неколку успешни куклени претстави, Куклената сцена при МНТ и официјално прераснува во Градски куклен театар, чиј прв директор е Лазар Балабанов.
Во сезоната 1957/58, под раководство на Ристо Стефановски, театарот се реорганизира во Младинско-детски театар, кој своите претстави ги игра на две сцени: младинска и детска.
Од 1960 година во театарот започнува да работи и вечерната сцена (прва претстава е Доживувањата на Николетина Бурсаќ; драматизација Миња Дедиќ; режија Петре Прличко; премиера на 5 февруари 1960).
Од земјотресот во 1963 па се до 1965 година театарот нема своја зграда. Дури во 1965 година тој се вселува во сегашниот (монтажен) објект. Едновремено се формира и постојан професионален ансамбл, за чии членови-основачи треба да се сметаат: Нада Гешоска, Димитар Гешоски, Дарко Дамески, Вукан Диневски, Мара Исаја, Јон Исаја, Ацо Јовановски, Тодорка Кондова-Зафировска, Драги Крстевски, Крум Стојанов, Милица Стојанова и Кирил Ќортошев.
Истата година театарот се преименува во Драмски театар.
Речиси во две наредни децении овој театар супериорно ќе воспоставува битно поинакви професионални и естетски стандарди во македонската театарска практика, притоа афирмирајќи низа нови актерски, режисерски и авторски имиња.
До крајот на 2001 година Драмски театар има поставено 332 премиери и прикажано повеќе од 10.500 претстави.


      репертоар: Драмски театар - Скопје
      гостувања: Драмски театар - Скопје
      рецензии: Драмски театар - Скопје