ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови



© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


  Театар за деца и младинци

Најмладиот македонски професионален ансамбл, Театарот за деца и младинци, започнува да работи на 25 март 1990 година, кога во Универзална сала во Скопје ја прикажува праизведбата на претставата Чудовиштата од нашиот град, на, за таа прилика, порачан текст од Русомир Богдановски, во режија на Коле Ангеловски.
Основач и директор на театарот е Љубомир Чадиковски.
Во почетокот театарот нема ниту своја зграда, ниту, пак, постојан ансамбл. Првите претстави ги подготвува и изведува на повеќе сцени во Скопје. Дури во февруари 1993 година се вработуваат првите актери: Владимир Лазовски, Изабела Новотни и Соња Јаќоска-Самарџиева.
Најпромотивниот период во кусата историја на Театарот за деца и младинци, несомнено, започнува со воспоставувањето долгорочна соработка со бугарскиот режисер Боњо Лунгов. Како резултат на успешната соработка, во периодот од 1993 до 1995 година се создаваат амблематски претстави: Спомени во ноќта (1993), Како сон (1994) и Малиот принц (1995).
Исклучително динамичен и иницијативен, овој театар постојано настапува насекаде низ Македонија, патува на најеминентни балкански и европски фестивали и освојува најпрестижни награди.
Во текот на своето десетгодишно постоење Театарот за деца и младинци има изведено 21 премиера и прикажано околу 2000 претстави.


      репертоар: Театар за деца и младинци
      гостувања: Театар за деца и младинци
      рецензии: Театар за деца и младинци